Вирџил: Икеа
top of page

Вирџил: Икеа

Таман помисливме после минатата тешка недела ќе се занимаваме со градинарство - на писмено со „како да..„ водичи и играјќи си во земја по дома, дојде веста дека пионерот по многу критериуми, и современ ренесансен човек, Вирџил Абло, починал од рак, после двегодишна и приватна борба со болеста.


Починал на денот, роденден на Чадвик Бозман, црниот пантер, кој исто така почина од рак, на сеопшто изненадување работејќи цело време додека боледувал (кога првпат плачевме за човек од ТВ).



Па решивме дека ќе го портретираме Вирџил малку по малку, а редоследот - по случаен избор.


Вирџил е Американец, но прва генерација. Неговите родители се емигранти од Гана, и како многумина емигранти во богатиот Запад, редот е децата да се школуваат и да имаат почитувани кариери. „Татко ми имаше една визија. Ако стигнам во Америка, сакам син со почитувана кариера. Тој сакаше син инженер. Тоа беше минимумот што можам да го направам за да му се одолжам. Но бев ноншалантен. Се занимавам со диџејство за да ги подвојам работите, да го тргнам притисокот од себе. Да додадам нешто културно до нешто практично. Одбрав хуманистички науки доцна, па немав прилика да изберам уметност. Потоа избрав историја на уметност во петтата година на студии по инженерство. Учев за италијанската ренесанса и Караваџио, што ми го премрежи мозокот...Потоа магистрирав архитектура, во Илиноис институт за технологија по курикулумот на Миес ван дер Рое. Во библиотеката беше неговата столица. Не беше само функционална, имаше и дизајн, и бев заљубен во тоа. Тоа беше причината зошто се заинтересирав за мебел.„


Знаејќи го ова за Вирџил, соработката со Икеа не е некое изненадување.


Колекцијата била MARKERAD (маркирано) чинела од $10-$500. Била наменета за милениумци кои по првпат живеат сами, и размислуваат каков вкус имаат за мебел.

bottom of page