top of page

Што се случува кога категориите ќе почнат да се распаѓаат? Џек Халберстам гостува во Скопје

  • 1 hour ago
  • 2 min read


Предавањето „Анархитектура по сè“ на еден од највлијателните современи квир теоретичари го отвора прашањето за телото, родот и политиките на разградба низ јазикот на уметноста и архитектурата.

Еден од највлијателните современи квир теоретичари, Џек Халберстам(Jack Halberstam), на 3 јуни ќе гостува во Скопје со предавањето „Анархитектура по сè“ (Anarchitecture After Everything), кое ќе се одржи во Музеј на современата уметност – Скопје во 20:30 часот, во рамките на Викенд на гордоста – Скопје 2026 и КРИК – Фестивал за критичка култура.


Предавањето носи наслов што звучи како архитектонски термин, но неговото поле на интерес е многу пошироко: телото, родот, просторот и можностите за живот надвор од однапред зададените форми. Халберстам тргнува од концептот на анархитектурата, радикална уметничка практика поврзана со работата на Gordon Matta-Clark, кој во седумдесеттите години наместо да гради нови објекти, сечел, отворал и демонтирал постојни градби, откривајќи ги нивните скриени структури.

Во читањето на Халберстам, ваквите интервенции отвораат корисен јазик за размислување за трансотелотворувањето. Наместо транс телото да се разбира како нешто што треба да стане читливо или конечно препознаено во рамките на бинарниот родов систем, тој предлага поинаква перспектива: трансот како сила што ги нарушува токму оние категории преку кои системот се одржува.


Оттука и неговиот интерес за анархитектурата. Ако кај Мата-Кларк зградата се отвора за да ги покаже своите внатрешни противречности, кај Халберстам телото станува место од кое може да се согледаат пукнатините во воспоставените идеи за идентитет, припадност и нормалност. Наместо стабилна форма, тоа се појавува како процес, како терен на постојано преобликување.


Една од централните линии во предавањето се однесува и на односот меѓу транс искуството и капиталот. За Халберстам, анархитектурата нуди можност трансот да се мисли надвор од логиките на интеграција и пазарна апсорпција. Наместо нова категорија што треба да биде вклучена во постојниот поредок, трансот се појавува како практика на разградба, отворање и преиспитување на самиот поредок.


Во описот на предавањето се појавува и една впечатлива слика: транс телото како урнатина, како пејзаж, како место на рушење и создавање во исто време. Тоа не е фигура што бара конечно обликување, туку простор во кој репрезентациските системи можат да се распаднат и повторно да се состават во нови форми.


Халберстам е професор по хуманистички науки на Универзитетот Колумбија и автор на книги кои оставија силна трага врз современата теорија на родот и квир студиите, меѓу кои „Женска мажественост“, „Во квир време и место“, „Квир уметност на неуспехот“, „Гага феминизам“ и „Транс: краток и ексцентричен осврт на родовата различност“. Неговата нова книга, исто така насловена „Анархитектура по сè“, ќе биде објавена од MIT Press во август 2026 година.


Гостувањето е дел од програмата на годинашниот Викенд на гордоста Скопје, кој се одржува под тематската поставка „Анархични тела: согласност да не се биде едно“. Фестивалот трае до 13 јуни и се одвива на повеќе локации низ градот, меѓу кои МСУ, МКЦ, Драмски театар, Котур и Љубов бар.


За публиката што ги следи современата теорија, уметноста и критичката мисла, ова е ретка можност идеите што најчесто циркулираат низ книги, универзитетски програми и академски дебати да се слушнат во живо, од еден од авторите кои помогнаа да се обликува нивниот современ речник.





Стани Дивотно

Comments


Diva Misla е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

Untitled - 2025-07-29T202806_edited.png
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page