Културен амалгам 2025“: КИЦ – Скопје ја гради новата фестивалска мрежа низ Македонија
- Ана Чушкова / Ana Cuskova
- Jul 16
- 1 min read
📍 15 јули, КИЦ – Скопје | Потоа: Крива Паланка, Куманово

Нов интердисциплинарен фестивал во организација на Културно информативниот центар – Скопје тргнува на пат низ Македонија. „Културен амалгам“ е замислен како патувачки, мултимедијален и меѓуинституционален фестивал што треба да постави темели за нов тип на децентрализирана културна соработка помеѓу градови и културни центри низ земјата.
Фокусот оваа година е фотографијата – нејзината историја, старите техники и современите експерименти. Програмата во Скопје започнува со изложбата ФотоСинтеза и премиера на документарецот МАНАКИ – приказна во слики, посветен на фотографската работа на браќата Манаки.
Програма – Скопје, 15 јули
Империјал 2, 20:00 ч.
📷 ФотоСинтеза – ревијална изложба на алтернативни фотографии во соработка со Фотоклубот „Ирис“ од Темишвар
cyanotype, gum-oil, вандајк, analog workshops и повеќе од 40 автори
Салон 19:19, 21:00 ч.
🎬 Премиера на документарниот филм МАНАКИ – приказна во слики
режија: Роберт Јанкулоски
сценарио: Илинденка Петрушева, Роберт Јанкулоски
времетраење: 70 мин. (црно-бел / колор)
Фестивалот продолжува:
📍 26 јули – Крива Паланка
📍 7 август – Куманово
📍 септември – Завршен настан во Скопје (датум TBC)
Културен амалгам го поставува прашањето: како можеме да градиме културни мрежи вон центарот, преку уметност, разговор и заеднички простори? Преку нови изложби, историски осврти и поврзување на слично мислечки институции, оваа иницијатива претставува повик кон заживување на културната сцена во секој град, не само во главниот.
Фестивалот е поддржан од Министерството за култура и туризам.
Comentários