Грета Тунберг во Скопје – Гостинка на дискусијата „Стоп за воената машинерија“ во Дуња
Овој петок, познатата климатска активистка Грета Тунберг ќе гостува во Скопје на настан организиран од иницијативите Fridays for Future Skopje, Сите за Палестина и Социјалниот центар „Дуња“. Настанот е насловен „Стоп за воената машинерија: Борбата против империјализмот и капиталистичките војни“.
📍 Локација: Социјален центар „Дуња“
🕣 Вратите се затвораат во 20:30 часот

Темата е итна и жешка – системското насилство што капитализмот го шири преку војни, окупации и експлоатација. Во фокус се глобалните конфликти: војната во Украина, западните интервенции во Африка, и бруталниот геноцид што го спроведува израелската држава врз народот во Газа.
Тунберг, веќе глобален симбол на младинскиот отпор против климатската и социјалната неправда, ќе дискутира за тоа како климатската криза, империјализмот и војната се дел од истата деструктивна машинерија.
Македонија, иако држава која се чини дека е ма маргините, не е надвор од оваа слика. Со активна улога во НАТО и одлуки што ја ставаат државата на страната на окупаторите и капиталот, таа станува дел од глобалниот проблем. Владата го зголемува воениот буџет, ја игнорира палестинската борба, а преку проекти за рудници и хидроцентрали ја уништува сопствената природа и заедници – како во случајот со Дошница.
Настанот повикува на обединет отпор – изградба на масовно анти-воено и анти-капиталистичко движење, со солидарност како столб на акцијата. Настан за сите кои одбиваат да молчат.





Comments