top of page

Младите македонски едриличари стекнаа драгоцено искуство на Светското првенство Оптимист 2025

Од 26 јуни до 6 јули 2025, во Порторож, Словенија, се одржа Светското првенство во едрење – Оптимист класа, со над 280 млади учесници од 64 земји. Македонија настапи со четири претставници под 14 години: Берак Шашко, Мила Булатовиќ, Стефан Бараковски и Лина Пашоска.

Во конкуренција со едриличари од целиот свет, македонските учесници стекнаа искуство на интернационална сцена. Поединечните пласмани беа:


  • Берак Шашко – 260. место

  • Мила Булатовиќ – 262. место

  • Стефан Бараковски – 270. место

  • Лина Пашоска – 274. место




Во Nations Cup рангирањето по нации, Македонија заврши на 52. место од 64 држави.


Во деветте регатни трки – пет квалификациски и четири финални – се едреше при умерени ветрови, што бараше голема техничка прецизност, концентрација и издржливост.


Од Едриличарската федерација на Македонија истакнуваат:

„Задоволни сме од дисциплината и посветеноста на нашите млади едриличари. Настапот во Порторож е чекор напред кон поголеми резултати и одржување континуитет на учествата на значајни меѓународни натправари. Продолжуваме со работа и инвестиции во младите категории.“

Според информациите од Едриличарската федерација на Македонија, ваквите настапи се важни за спортскиот развој и континуитет во младинските категории.


Стани Дивотно

Comments


Дива Мисла е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

дива лого
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page