top of page

Приклучете се на „Неименувана“ - работилница за креативно пишување за млади!




„Duma in summa“објавува отворен повик за учество во третата работилница за креативно пишување, наречена „Неименувана“.

Оваа петдневна авантура, која ќе се одржи во периодот од 16 до 23 јануари во дворецот Лабораториум, е посветена на млади луѓе во возраст од 15 до 19 години. Организаторите, компаратистките Ивана Смилевска и Марија Бошковска, ве покануваат да го испратите вашето изразување на креативност и пишување под нивното менторство.

Работилницата "Неименувана" има за цел да ги истражи новите дигитални комуникации, да ги открие различните варијанти на познатите бајки и да ги претстави македонските хероини кои се бореле за промени во нашето општество.


Оваа петдневна работилница, која ќе се одржи од 16 до 23 јануари ( 16, 17, 18, 22 и 23 јануари) , е отворена за сите млади од 15 до 19 години кои сакаат да ги прошират своите знаења и вештини во областа на креативното пишување.



Она што ја прави работилницата особено интересна, е  гостинката во улога на менторка од Босна и Херцеговина, Хана Чурак, која ќе ја сподели својата експертиза како администраторка на феминистичката платформа "Sve su to vjeshticе".


ПОВЕЌЕ:



Покрај тоа, учесниците ќе имаат можност да ги претстават своите авторски текстови во форма на текстуални инсталации, како дел од активистичка акција-атракција.


Ова е одлична можност за сите креативни млади луѓе кои сакаат да се изразат преку своето пишување и да се вклучат во дискусии кои се однесуваат на актуелните прашања во нашето општество.Дојдете и раскажете ни ја вашата приказна, вашето "Си било еднаш...".За повеќе информации и за пријавување, посетете го овој линк.


Во прилог ви го приложуваме соопштението за отворениот повик за пријавување на „Неименувана“ - работилница за креативно пишување со млади.


Чујте и почујте! 
Волшебното царство на бајките од цел свет, мимовите, активизмот и не-толку-познатата македонска, женска историја е отворено.
„Duma in summa“ го отвори повикот за учество во „Неименувана“ - работилница за креативно пишување со млади.
Петдневната работилница ќе се одржи на 16, 17, 18, 22 и 23 јануари, а наменета е за млади од 15 до 19 години. 
Локацијата на работилницата е во дворецот Лабораториум, а од „Duma in suma“ велат дека наместо гласник, праќаат формулар до млади кои сакаат да се пријават на работилницата под менторство на компаратистките Ивана Смилевска и Марија Бошковска. 
„Ако правиш пиши-бриши, кликаш и сликаш, пишуваш и си главна/главен со мимови во чет-групите, оваа работилница ќе ги прошири твоите знаења за новите дигитални комуникации, а воедно ќе те запознае со потеклото и варијантите на бајките кои се развивале и прилагодувале низ различни времиња и култури“, се вели во повикот.
Од неформалното здружение за култура истакнуваат дека на работилницата ќе се анализира поврзаноста меѓу Заспаната убавица и Цепенков, потеклото на Пепелашка, а ќе може да се слушнат и историите на македонски хероини кои со својот пркос придонеле кон едукативен, ослободителен и емпатичен развој во локален контекст.
Оттаму додаваат дека низ петте денови на работилницата ќе се буричка низ литературната светска и домашна историја и низ ќошињата на интернетот, барајќи ги сличностите и различностите на женското искуство преку фолклорните приказни и неименуваните автор(к)и на мимови и интернет содржина. 
„Во тоа ќе ни помогне и нашата гостинка менторка од Босна и Херцеговина - Хана Чурак, администраторката на феминистичката платформа „Sve su to vjeshticе“, со која ќе одржиме онлајн предавање и ќе направиме и по некој мим, bona“, велат од „Duma in summa“.
Знаењата и думите собрани на работилницата ќе бидат сумирани во креативна пракса и авторски текстови, па дојди и раскажи ни го твоето „Си било еднаш...“. Авторските текстови ќе бидат „извезени“ на текстуални инсталации во склоп на активистичка акција-атракција.

bottom of page