top of page

RZA

Updated: Aug 18, 2023







Летото во1976-та. Мало дете кое само што се врати од Северна Каролина на улиците на Статен Ајленд. Имаше маалска журка која беше организирана од локален диџеј мислам DJ Quincy. Диџејот ја собра струјата од уличните ламби ја уштека на неговиот систем и пушташе музика. Иако бев дете кое не требаше да биде таму - беше време за спиење - сепак бев таму. Музиката, трнтејблизмот - како ги вртеше плочите и скречуваше напред-назад, типот на микрофон рецитираше стихови, DJ Punch. Веднаш се заљубив. Мора да бев седум години.


Се сеќавам дека типот на стиховите рече „“Dip, dip, dive/so socialized/you clean out your ears and you open your eyes.” ( „Потопи се, потопи, загњури/социјализиран/ исчисти си ги ушите и отвори ги очите“) Кога ќе ги погледнеш токму овие зборови, навистина има многу смисла.


Тоа беше годината која што ми го смени животот. Останав во Њујорк тоа лето и после се вративме доле на Југот. Морав да се вратам во Њујорк 1977-та, и од тогаш останав овде.


Мојот братучед, the GZA, кој живееше на Стетен Ајленд во тоа време имаше роднини во Квинс и во Бронкс. Soundview Projects од Бронкс беа едни од темелните проекти на хип-хопот. Затоа што беше неколку години постар од мене the GZA ме носеше во Бронкс затоа што Soundview Projectѕ беше она што ни даваше најмногу инспирација. И секако Јамајка, Квинс.


На 11 години ти си веќе речиси возрасен кога си во ситуација на сиромаштија. Зборувам за одење од Парк Хил, Стетен Ајленд до Вилсон станицата во Бушвик на Ел(*кратенка од elevated) возот и тоа го правев секое утро. Тоа едноставно беше њујоршко живеење.


GZA веќе беше МС и јас ќе рецитирав што и да кажеше, го копирав. Кога бев 9 години го напишав својот прв стих. Седев во школо и пишував стихови по цел ден. Така ми функционираше мозокот.


Пред Sugarhill Gang да имаат трака на радио, се́ што имавме беа касети. COLD CRUSH наспроти Fantastic Freaks, Cold Crush наспроти Force M.C.s, Busy Bee наспроти Kool Moe Dee. Тие касети, тие Harlem World касети, тие Бронкс касети кои циркулираа низ маалата, тие беа нашите учители.

Но кога ги слушнав на радио бев убеден дека еден ден мојот глас ќе биде на радио. Јас, O.D.B. и GZA, ние го бркавме тој сон. Патувавме низ Њујорк, користејќи ја секоја можност за да покажеме дека имаме талент.


Ние имавме лоши договори. Првиот договор - драго ми е што не го потпишав. GZA и Ol’ Dirty го потпишаа - веројатно бевме 15, 16 години и не функционираше. Мојот прв договор секако беше со Tommy Boy кога бев 19 години и тој исто така не функционираше. Чувстував дека бев напуштен од издавачката куќа. И мислев најдобар начин за нас беше да тераме сами.


Ја формирав мојата сопствена компанија прв, Wu-Tang Productions и почнав да продавам плочи од багажникот. И кога Loud дозна за нас, и ни понуди договор му реков „Па не. Не можам секој од членовите на екипата да ги врзам за една локација. Оваа екипа стана голема и моравме да ги рашириме крилјата. Моравме да го земеме нашиот талент и да го рашириме низ индустријата.“ Ми изгледаше дека ќе биде невозможно сета оваа енергија да излезе низ само една чешма. “Ма не, ми требаат повеќе чепови.“


Мислев дека хип-хопот ги губи своите корени.


И знаев дека јас, GZA, Ol’ Dirty, Method Man, Ghost, сме пуританци. Мојот план беше да се инфилтрираме во индустријата. Чистотата на културата веќе го губеше својот пат во 90-те и мислев дека треба да влеземе во арената но и да ја рашириме насекаде.

Може да замислиш дека пред нас во 60-те и 70-те го имаше Elijah Muhammad кој издигнуваше храмови низ целата земја. Или Marcus Garvey кој ни ја даде идејата дека ние како Црни мажи и жени мора да застанеме и бидеме благородни и да си ги поставиме своите знамиња. Овој тип на размисли ми се мотаа низ глава како претприемач и како уметник.


Пред да влеземе во индустријата ние секогаш мислевме дека таа чистота ја имаа Eric B. & Rakim, KRS-One, Run-DMC, Big Daddy Kane, LL Cool J - имаше еден момент во хип-хопот, помеѓу 1985 и 1988-та кој беше едноставно моќен, влијателен и се́ уште чист. И потоа во 89, 90, 91-ва почна да се разводнува.


Па кога ние влеговме, чувствувавме дека повторно донесове чистота, и дека нашите современици исто така: Biggie Smalls, Nas, Mobb Deep, Busta Rhymes, Outkast.


На нашите први настапи Outkast и Wu-Tang, се појавувавме во Чикаго. Веројатно Ice Cube беше хедлајнерот а ние бевме предгрупата. И неколку од нашие андерграунд колеги кои никогаш не стигнаа до топ листите како Brand Nubian, секако , De La Soul, Duck Down.


Хип-хопот е спорт. Сега затоа што Wu-Tang се секако група од девет M.C.-ја и егоистични иако тие беа нашите колеги мислевме дека сме најдобри. Мислевме дека никој не може да ги победи Wu-Tang. Tоа е духот на Wu-Tang.


Кога дојдовме на број 1 месото на листите летото во 1997, ги победивме кантри и рок артистите, и бевме „Ау, успеавме“


И кул работата во целата ситуација беше што го направивме тоа без да бидеме поп. Не е дека доспеавме во Топ 40. Беше самата култура, патот кој го одевме.


Љубовно писмо на хип-хопот (плејлиста) :




Стани Дивотно

Comentarios


Дива Мисла е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

дива лого
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page