Amplidyne Effect Trio и Добрила Грашеска во Буква- импровизиран музички дијалог под зимското небо
- Ана Чушкова / Ana Cuskova
- 15 hours ago
- 2 min read
Импровизиран музички настап што ги спојува амбиенталните електронски текстури на Amplidyne Effect Trio со акустичниот вокален израз на Добрила Грашеска.

Овој петок, на 5 декември во 21:00, Буква повторно ќе ја претвори сцената во лабораторија за звук. Amplidyne Effect Trio и Добрила Грашеска ќе настапат со целосно импровизиран концерт, вечер што ја става моменталната интеракција во центарот, онака како што знае да се случи само во жив простор, каде секој здив на музичарите може да го смени текот на композицијата.
Amplidyne Effect Trio е концертната поставa на истоимениот проект на Мартин Георгиевски, активен од 2009 година. Публикацијата долго време го препознава по амбиенталноста, електронските наслаги и чувството дека музиката се гради во моментот, слој по слој. Проектот има зад себе повеќе албуми и гостувања на фестивали како Pohoda Festival, Десонанз, Live Soundtrack и PNEM Sound Art Festival. Најновото издание, Maelstrom EP за издавачката куќа Шарла, оди во насока на спој меѓу амбиентални пејзажи, шугејз текстури и синтсајзерски линии што се движат како подводни струи.

Триото на сцената ќе го придружуваат Владимир Мартиновски (тамбура, кавал, удиралки) и Соња Димитриоска (флејта) комбинација што носи топлина и акустичен воздух на електронските структури.
Специјална гостинка е Добрила Грашеска, вокалистка и авторка активна од 2006 година, чиј глас одамна стана препознатлив на регионалната сцена. Од Чалгија Саунд Систем до Добрила и Дориан Дуо, од албумите ТИХУВАЈ, Апокриф, Пиле шарено до бројни соработки за филм, театар и мултимедија нејзината работа се движи слободно меѓу традиција, експеримент и интимен музички израз. Зад сцената веќе чекаат и два нови албуми, подготвени за објавување.
Настанот во Буква ветува вечер без фиксна форма, музика која се создава во реално време, меѓу амбиентални текстури, акустика и глас. Тоа чувство на спонтаност носи и мала возбуда: никој, ни музичарите, не знае точно каде ќе заврши композицијата што ќе започне во 21:00 часот.
значи, да заклучиме:
📍 Буква, Скопје
📅 Петок, 5 декември 2025
⏰ 21:00
Maelstrom EP: https://sharla.bandcamp.com/album/maelstrom-ep





Comments