top of page

Балканска музичка сцена во Европа: „Сесија за музичката сцена“ во Скопје ги отвора прашањата за мобилност, пазар и културна стратегија

  • 6 hours ago
  • 2 min read

На 30 април во Лабораториум, Скопје, музички професионалци, европски експерти и независни артисти ќе дискутираат за пробивот на Балканот на европската музичка сцена, структурните бариери и новите можности за меѓународен развој.



Во рамките на „Форумот за праведност во културната мобилност 2026“, на 30 април во „Лабораториум“ во Скопје ќе се одржи „Сесија за музичката сцена“ – програмски сегмент посветен на позицијата на балканската музичка индустрија во европски контекст, со фокус на мобилност, структурни пречки и развојни стратегии.


Организирана од Канцеларијата за Креативна Европа – Северна Македонија во соработка со „Пасворд продукција“, сесијата ќе отвори директни разговори за тоа колку регионалната музичка сцена навистина има пристап до европските пазари, фондови и мрежи, но и кои системски ограничувања го отежнуваат тој процес.


Програмата започнува во 9:30 часот со панел-дискусијата „Пробив? Музичка мобилност и структурни бариери на Балканот“, каде ќе се разгледуваат европските политики за култура, можностите на „Креативна Европа“, регионалната соработка, зелената транзиција во музичкиот сектор и местото на балканската музичка индустрија во поширокиот европски екосистем.

Меѓу говорниците се Малгожата Шлендак од Генералниот директорат за образование, млади, спорт и култура при Европската комисија, Данијела Јовиќ од EACEA, Рут Јакоби од Европскиот музички совет, Гвендолен Шарп од „The Green Room“, Рут Колева од Sofia Live Festival и Лазе Трипков од „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“.


Панелот ќе го модерираат Билјана Прентоска од македонската Канцеларија за Креативна Европа и Анера Стопфер од хрватската канцеларија, што дополнително ја нагласува регионалната рамка на настанот.



По кафе-паузата, од 11 до 12:30 часот, следува интерактивната работилница „Пробиј ги границите: мобилност, менаџмент и пристап до пазарот за млади балкански артисти“, наменета за музичари и професионалци кои сакаат практично да ги развиваат своите европски стратегии.


Под водство на Владимир Стојчевски, со учество на експерти од European Music Exporters Exchange, Hangvető, Mastering the Music Business, бугарската музичка асоцијација, „Пасворд продукција“ и домашната независна сцена, работилницата ќе вклучува самопроценка за извозна подготвеност, pitch презентации со директен feedback, како и креирање индивидуални планови за меѓународен развој.


Со ваква структура, сесијата не останува само на разговор за проблемите, туку нуди и конкретни професионални алатки за артисти кои сакаат да излезат надвор од локалниот контекст.


Стани Дивотно

Comments


Diva Misla е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

Untitled - 2025-07-29T202806_edited.png
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page