top of page

creative.mk : Нов македонски агрегат за вести од културата на Бранко Прља

Updated: Mar 26, 2022

Пред неколку недели (дали беше повеќе или помалку - малку нѝ е искривена перцепцијата за времето периодов) одѕвони громко по разни профили - има нов агрегат, специјализиран за технологија и наука! Нашиот интерен хроничар го дигна погледот, во радосно изенадување, а ние тркнавме до го зачувавме во букмаркс, и продолживме да ја следиме можната апокалипса по екраните.


ree

Вчера слична вест: има нов агрегат! Овој пат за културата. Постот кој се рашири по социјалните мрежи беше следниот:

Почитувани пријатели културњаци и останати... со Vladimir Carrer започнавме еден нов проект, специјализиран агрегатор за вести од културата и уметноста наречен creative.mk


Ова е втор наш ваков проект, по http://science.mk/ кој епрв македонски агрегатор за вести од науката итехнологијата.

Медиумите се пренатрупани со кич ишунд, ова е наш обид да се збогати медиумскиот (интернетски) простор со поквалитетни содржини и да се промовирааат истите.


Нашата листа на медиуми е непотполна, сакавме да додадеме уште некои сајтови како: Репер, Cooltura, Самоглас, Кантарот, Умно, Reborn, Обични луѓе, Кантарот итн. но тие или немаат или имаат непотполн RSS.

Ако знаете сајтови на ваши колеги, пријатели или такви кои ги почитувате и редовно ги посетувате, пишете ни да ги додадеме во агрегаторот. Некоја покомплетна листа на линкови кои веќе сме ги пробале има на дното од агрегаторот.

За уметноста – против турбо-фолкот!



ree


Реакциите беа сосема позитивни дури ги читавме како помалку емотивни, како изгладнет пес кој се сопнал на мрсна коска која не ја барал.

Позади агрегатот стои Бранко Прља, човек кој е (не само издаван, туку и наградуван) писател, графички дизајнер, копирајтер,човекот позади Арно и очигледно активист, кој не ги заборава сопствените принципи. За Теа Модерна пред години забележал:

Состојбата во Македонија е лоша. Мојата желба и мисија е што повеќе луѓе да се заинтересираат за интелектуални, културни и со еден збор: креативни, сфери од живеењето, да ги перцепираат како возбудливи, интересни и полни со предизвици. На тој начин ќе се оттргнат од телевизорите, сапунските серии, политичките партии, турбофолк - кичот, и сличните шунд појави кои не́ следат на секој чекор.„

Владимир Карер се опишува себе како: веб дизајнер, девелопер, учител, говорник, и воопшто зависник од интернет...

Стани Дивотно

Comments


Diva Misla е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

Untitled - 2025-07-29T202806_edited.png
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page