top of page

KRS One verzuz Big Daddy Kane: кој победи?!

Вчера на Баркли стадионот во Бруклин, имаше уште еден Verzuz, спектакл на културата, каде ги вкрстија “роговите“ две хипхоп легенди...


Во Скопје беше 3 часот наутро кога почна, па не можевме да изгледаме 2+ часа како што треба, но од она што видовме беше навистина возбудливо. Некои велеа (кхм Joe Biden кхм кхм) дека е лошо спарување: Big Daddy Kane е господин смуд, а KRS е енергетичен гласен, рокенрол дури...





Но, (можеби благодарејќи им на диџеите кои ги придружуваа? можеби поради љубовта и пријателството кое го имаат за себе?) чудно и необично - функционираше! Verzuz настана за време на карантинот, кога сите музичари, сите во музичкиот бизнис, одеднаш останаа дома и сета таа креативна енергија ја насочија на Инстаграм лајв. Пар милјарди долари подоцна, имаат своја платформа и оживување и енергизирање на постарата хипхоп генерација. Таму ДМХ го имаше својот последен настап , „спарен„ со Snoop Dogg... Тажен е оној свет, каде што го немаме тој настап...

Comments


bottom of page