Младата рап ѕвезда Мартикс во подем кој е дел од најновата македонска хип-хоп генерација е подготвен да ја раздрма сцената со промоцијата на својот втор албум „АРСЕН“ во колаборација со Фундамент(Филип Прокопенко) ..Овој проект не е само музички албум – тоа е културен момент, омаж на инспиративни фигури како Арсен Дедич, Арсен Венгер, и Арсен Лупен.
Многу сте ми лабави ко да сте на реге фест
Нема губење на посед, газиме со gegenpress
Викај прес, влагам дрско ко Жозе
Нема тешење со малку - фрлен е медалот бронзен
Концептот на „АРСЕН“
Албумот „АРСЕН“ содржи десет песни и носи уникатна порака: албумот го истражува концептот на „отров“, но истовремено претставува и омаж кон луѓе кои оставиле траен белег – Арсен Дедич, Арсен Венгер, и Арсен Лупен.
„Па се изгубив во ходници, што сам ги ѕидав
Многу викотници, но морав посилен да бидам
Издржав удари од кои тело отекува
Но нема тоа што музика не излекува!“
„Процесот на создавање на албумот беше вистинско уживање,“ вели Мартикс. „Се обидовме низ песните да ја пренесеме енергијата и идејата на АРСЕН, а концертната промоција е нашиот начин да го споделиме ова со публиката.“
Мини фестивал со гости
qqНастанот е повеќе од концерт – тоа е мини фестивал кој ја слави рап и урбаната култура, и ја напушта навиката на Скопје-центричност па освен Тибор од Хрватска и WLD од Бугарија, ќе имаме шанса да чуеме како звучи македонскиот хип-хоп со покреативна селекција. Освен настапот на Мартикс, публиката ќе има можност да ужива во настапите на:
Паки од Zad Agolot (Скопје)
Тибор (Загреб)
Кацар и Џоле (Скопје)
С.А.М (Тетово)
ВецВајсВерс (Скопје)
WLD (Софија)
Мев (Скопје)
Оскар (Македонска Каменица)
Музичката селекција и поддршка ќе ја обезбеди познатиот DJ Popeye, кој ќе се погрижи за атмосферата пред и за време на настапите.
И тоа не е се́....
На промоцијата ќе може да се купат CD од албумот (500 денари) и маици со дизајн на „АРСЕН“ (1000 денари). Со секоја продажба, артистите го поддржуваат натамошниот развој на локалната музичка сцена.
„Нашата идеја е да ги собереме, испочитуваме и вреднуваме артистите кои беа дел од нашата приказна низ годините. Се надеваме дека ова е само почеток на поголема соработка,“ додава Мартикс.
Со поддршка од Alfa Sound и звукот на Ивица Јанкуловски ШТРАФ, „АРСЕН“ ветува незаборавна вечер. Овој настан не е само концертна промоција, туку прослава на рапот и заедништвото во урбаната култура.
🗣 Раширете го зборот, дојди со друштво и подгответе се за журка!
Comments