Ник Кејв со своја поставка на скулптури во групна изложба со Бред Пит и Томас Хаусагоу
top of page

Ник Кејв со своја поставка на скулптури во групна изложба со Бред Пит и Томас Хаусагоу


Во бесконечната река на вести отскокнува чудна слика(чудна по самото тоа што ги има овие две карактеристики): Бред Пит, и Ник Кејв - му се придружуваат на познатиот уметник и скулптор Томас Хаусагоу во изложба со соптсвени скулптури во Финска, наречена „Ние“. Хаусагоу е еден од најпрофилираните имиња но Бред Пит и Кејв, како скулптори е сосема нова идеја.

Во снимките од отварањето и двајцата се во необична состојба на ранливост, Бред Пит се чини дека е на раб да заплаче а Ник Кејв речиси да пелтечи како ја објаснува својата поставка. Ѓаволот во фазите на неговиот живот но и после тоа. Вели длабоко лична е. Вели - „исто како и Ѓаволот потребна ми е прошка“ - и станува јасно: Ѓаволот е Кејв, Кејв убива дете. Оваа тема, ја обработува и во филмот „Уште еднаш со чувство“ каде во шок од смртта на неговиот 15 годишен син, пробува да најде објаснување - стиховите на песните на албумот кој го снима во тој период, се поклопуваат со случките на денот кога син му починал во несреќа. А сега бара прошка.

Ги правел фигурините две години од 2020 до 2022, и самиот колекционер. Неговата поставка е наречена Животот на Ѓаволот, и ја објаснува со следните зборови.


„Знаете, ноќе кога се обидувам да спијам, ги затворам очите и ги гледам фигурините како парадираат во секвенци - новородениот Ѓавол ушушкан до јагнето, детето со огнената топка, детето кое држи црвен мајмун, Ѓаволот ја заведува девојката, Ѓаволот јава во војна преку поле со цвеќиња ,а потоа се враќа на црн коњ преку поле од черепи и така одат ли одат, Ѓаволот со неговата невеста и златниот зајак, Ѓаволот го жртвува детето на олтарот, Ѓаволот одвоен од светот, одат ли одат, Ѓаволот седи на ѕид, и солзите се леат во бара до неговите стапала ,неговата заледувачка оперетска смрт, и конечно неговото тело исфрлено на клупа, дете клечи до него и подава рака на прошка. Процесијата прави некаква смисла и ми дава огромна утеха. Ја црта мојата сопствена приказна од темнината, од хаосот, за да стои во сведоштво на нешто. Носи ред во светот и некаков мир. “

Ник Кејв.



bottom of page