Вечерва феминистичкиот фестивал Прво па женско




Вечерва е есенското издание на Прво па женско во организација на Tiiiit.Inc . “… е мало пламенче возбуда што го делат четири Скопјáнки кои сакаат да се радуваат во овој град. А како приликите за тоа стануваат сѐ поретки и круговите сѐ повеќе се затвораат решивме да земеме воздух и да почнеме ентузијастички и “на мускули” да направиме нешто што ќе нѐ ангажира, ќе нѐ држи еуфорични, и ќе ни донесе чувство дека направивме нешто во што и другите уживаат…зашто РАДОСТА Е ОБВРСКА!” - велат скопјанкиве. Сосема во линија на нашето размислување (со обврските малку потешко:) )