Spotify ја симна музиката на фолк легендата Neil Young
top of page

Spotify ја симна музиката на фолк легендата Neil Young

Спотифај го тргна каталогот на музика на Нил Јанг, откако тој им постави ултиматум: или Џо Роган или јас.

Со оглед на тоа, дека Спотифај го плати задоволството Џо Роган да биде ексклузивно на нивната платформа 100 милиони долари, вклучувајќи епизоди кои одат наназад 11 години, се чини дека имале релативно лесна одлука.




Роган и покрај тоа што е прилично благ, и слаткоречив, дури и умерен, стана бастион на антиваксерството и конспирациските теории, однесување кое кулминираше со гостувањето на канадскиот психолог Џордан Петерсон кој кажа дека нема таква работа како клима, а и се исмејувал со климатски типови.

Научната фела, во првиот момент се подбиваше со „теориите„ и „размислувањата„ на Петерсон, но после првичната реакција, стигнаа коментари кои беа малку пожестоки.

“Таков наизглед комичен нихилизам би бил смешен да не беше толку опасен. Слични анти-научни размислувања од овие двајца индивидуалци за ковид-19 веројатно веќе довело, и ќе води до смртни случаи. Дури и повеќе ќе погинат од екстремно опасни и смртоносни климатски екстреми доколку не реагираме на климатската криза. Затоа промоцијата на дезинформации за климатска промена е дури и поопасна од онаа за пандемијата„




Повеќе од 1000 научници од медицинската и научна професија, потпишаа отворено писмо до Спотифај, со кое ургираа да ја зголемат контролата над Роган и опасните антинаучни теории кои ги промовира.

Итноста и масовноста на овие апели доаѓа од фактот дека според Нилсен, Роган ги надминува CNN, Fox вестите, со својот просек од 11 милионска публика во секоја од епизодите.

„Усраниот крај на стапот„ го доби по глава - фолк легендата Нил Јанг. Toj во понеделникот напиша отворено писмо во кој им кажува дека Спотифај може да го има или Џо Роган, или Нил Јанг. Не и двајцата.

„Сакам да му дадам до знаење на Спотифај дека под итно ДЕНЕС сакам мојата музика да ја тргнат од нивната платформа. Го правам ова бидејќи Спотифај шири лажни информации за вакцините - потенцијално носејќи смрт на оние кои веруваат на дезинформациите што ги шират.„




Спотифај денес го направи токму тоа, но Нил Јанг најде поддршка во шефот на СЗО. Тедрос Адханом Гебрејесус твитна благодарност до Јанг, и кажа „сите ние имаме улога во ставање крај на пандемијата и инфодемијата.„




Кој ќе биде на вистинската страна на историјата - тоа ќе го напишат победниците, кои во овој случај се - преживеаните.




bottom of page