Амплидајн Ефект со соло концерт на импровизирана амбиентална музика во Скопје
- Ана Чушкова / Ana Cuskova
- Sep 24
- 1 min read

На 26 септември 2025 година, љубителите на експерименталните и амбиенталните звуци ќе имаат уникатна можност да го проследат соло концертот на Амплидајн Ефект. Настанот ќе се одржи во Културно-информативниот центар – Скопје (Салон 19:19) со почеток во 20:00 часот.
Амплидајн Ефект е проект на скопскиот продуцент Мартин Георгиевски, активен уште од 2009 година. Во текот на својата кариера, Георгиевски има издадено бројни албуми и настапувано на познати регионални и меѓународни фестивали како што се Похода (Словачка), Десонанз, Лајв Саундтрак (Белград), ToBe Continued (Италија), ПНЕМ Саунд Арт Фестивал (Холандија) и Скопскиот џез фестивал. Неговото уметничко портфолио вклучува и соработки со Пост Глобал Трио, Светлост + Одрон Ритуал Оркестра, како и многу други уметници од различни музички жанрови.

На концертот во Скопје, Амплидајн Ефект ќе настапи со соло импровизиран сет, користејќи пијано, клавијатури, гитара и лупови за создавање на уникатна звучна атмосфера. Белгискиот медиум TURBULENCES VIDÉO го опиша неговиот последен албум како „органска звучна атмосфера, балансирана меѓу психоделичен амбиент и кинематографско искуство, инспирирано од бетонската естетика на Скопје“. Според нив, слушателите ќе бидат водени низ нежна имерзија со кристално чисти гитарски линии и електронски текстури, создавајќи аудиовизуелно „slow trip“ искуство кое цели да ја трансформира неизвесноста во уметност.
За повеќе информации за настанот и Амплидајн Ефект посетете ги:





Comments