Антивикенд програма на „Мртов коњ“: пет дена концерти, експерименти и светски гости
- Ана Чушкова / Ana Cuskova
- Sep 5
- 1 min read
Издавачката куќа „Мртов Коњ“ повторно го крева темпото со „Антивикенд програма“ од 8 до 12 септември. Во пет дена ќе се одржат осум концерти, една радио-сесија и работилница, со учесници од Македонија и гости од Хрватска, Америка, Италија и Виетнам.

Почеток со Стражар на 103
На 8 септември, Стражар (Мартин Џорлев) ќе настапи со целовечерен концерт на Канал 103 во чест на Денот на независноста. Настанот стартува во 20:00 часот и ветува сиров и жесток поход.
Хрватско-македонски судир во Паб Ѕе

На 9 септември, од 21:00, во Паб Ѕе настапува хрватското гараж-панк трио Dad Joke, заедно со локалната поддршка од Кајзер Созе.
Sound Escapes во Буква

На 10 септември, во Буква од 19:00, публиката ќе има можност да се запознае со теремин преку работилница и концерт во рамки на „Sound Escapes“. Ќе настапат Александар Ордев и Improof.
Тамшамагандаз во МКЦ

На 11 септември, Тамшамагандаз (Јордан Костов, Там Пхам, Никола Коџабашија, Ник Де Карло, Марко Печеновиќ и Александар Галевски) ќе настапат во Кино Фросина (МКЦ). Настан што ветува воинствена и експериментална енергија.
🎟️ Билети: mktickets.mk
Големото финале со Passepartuot Duo и Алембик
На 12 септември, во КИЦ, на програмата е највозбудливиот настан: настапот на Passepartuot Duo (Италија/Америка), кои од формирањето се во постојана светска турнеја. Тие се креаторите на првиот електромагнетен синтисајзер Chromaplane, со кој во 2021 ја освоија првата награда на Guthman Musical Instrument Competition 2025. Заедно со нив настапуваат и нашите Алембик.
🎟️ Билети: mktickets.mk
„Пуста независност и распадот навестен кој сѐ уште доаѓа, но не се даваме. Нека нѐ има за да нѐ има,“ велат од „Мртов Коњ“.





Comments