top of page

БУКВАЛНО ЏЕЗ: Прво издание на скопскиот фестивал кој ветува спој на култура и ритам


Скопје ќе биде домаќин на првото издание на фестивалот БУКВАЛНО. ЏЕЗ., кој ќе се одржи од 19 до 25 мај 2025 година во културниот центар „Буква“. Овој нов фестивал ветува сеопфатна програма која ќе ги обедини љубителите на џезот и културата, нудејќи им богата палета на настани кои ќе се одвиваат во амбиенталниот простор и двор на „Буква“.

Фестивалот ќе понуди интересна комбинација од предавања, изложби, проекции и, секако, многу џез музика. Сите настани се отворени и бесплатни за сите, со цел да се овозможи достапност до квалитетна културна содржина за широката публика.

Што може да очекувате на БУКВАЛНО. ЏЕЗ.?

Програмата на фестивалот е внимателно курирана и ги опфаќа сите аспекти на џез културата, но и нејзината поврзаност со другите уметности:

Понеделник (19 мај) ќе започне со предавањето на Владимир Мартиновски на тема ,,Џез: звук, слика, збор”, проследено со отворање на изложбата ,,Jazz” на уметниците Диме Темков и Лучка Кошчак, со ритмични илустрации од Михаил Парушев. Вечерта ќе заврши со џез музика во изведба на составот Zulu 3.4.

Вторник (20 мај) е резервиран за «Џез вињети» со Александар Прокопиев, а вечерта ќе настапи џез составот Swing 42.

Среда (21 мај )ќе понуди проекција на ,,За џезот со душа” селекција на џез анимации од Марија Савелева, а вечерта ќе уживаме во звуците на Хот Џез Оркестар.

Четврток (22 мај) ќе имаме можност да ја проследиме ,,Азбука на скопскиот џез” со Кирил Темков, а вечерниот џез сет ќе го преземат Игор Спироски и Шурбе.

Петок (23 мај ) ќе биде ден за ,,Шпаклофонија”— инструментални експерименти со Владимир Лукаш, Виктор Танасковски и Тома Димовски, а вечерта ќе настапи Taxi Consilium.

За време на викендот, сабота (24 мај)ќе се одржи ликовна импровизација ,,Џез во боја” со Доротеј Нешовски, а вечерта ќе свири Odron Ritual Orchestra.

Фестивалот ќе заврши во недела ( 25 мај) со танцов мастер-клас ,,Дај од џезот” со Билјана Грозданова, Венус, проследено со вечерно џез дружење со Звук Караџиќ.

Организаторите на БУКВАЛНО. ЏЕЗ., Андреј Јованчевски, Анастасија Овчаренко и Александар Сандревски, заедно со тимот за визуелен дизајн Марија Савелева и Александар Савелев, и звучниот дизајнер Владимир Голоухов, создадоа програма која има за цел да го збогати културниот живот во Скопје.


Поддржи го џезот. Буквално.


Иако сите настани се бесплатни, организаторите овозможија начин за поддршка на фестивалот преку симболични донации. Сите собрани средства ќе бидат наменети за реализација на програмата и за развој на квалитетната културна сцена во градот. Доколку сакате да го поддржите фестивалот, можете да го направите тоа на следниот линк: https://drugastrana.mk/event/bukvalno-jazz/

Првото издание на БУКВАЛНО. ЏЕЗ. е поддржано од генералниот партнер Ford Trucks, како и од пријателите на фестивалот Colenco, Ponir, Симпозион, MultiQi, Badel, Винарија Попов и V'K Craft Distillery.


Стани Дивотно

コメント


Дива Мисла е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

дива лого
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page