top of page

„Везилка“ – изложба на Јана Јакимовска во КИЦ Скопје


„Везилка“ на Јана Јакимовска во КИЦ – Скопје: уметнички вез меѓу традицијата и современоста, инспириран од Блаже Конески


ree

На 24 септември 2025 година, во 20 часот, во Изложбениот салон „Империјал 2“ при Културно-информативниот центар – Скопје ќе биде отворена новата самостојна изложба на Јана Јакимовска, насловена „Везилка“. Публиката ќе има можност да погледне серија цртежи и слики со кои уметницата ја истражува линијата помеѓу традицијата и современоста, интимното и општественото, женската рака и машката историја.



Везот како критичка стратегија



Кураторката на изложбата, д-р Ана Франговска, истакнува дека проектот „Везилка“ е осмислен како визуелен и теоретски премостувач:

„Со него, Јакимовска се надоврзува врз силната метафора од истоимената песна на Блаже Конески (1955), која годинава одбележува 70 години. Кај Конески, везилката е жената која во конец и игла вплетува историја, идентитет и културна меморија. Кај Јакимовска, таа улога се радикализира – везот станува критичка стратегија, алатка за преиспитување на општествените улоги на жената, за проблематизирање на нејзината видливост, рамноправност и општествена моќ.“


Со тоа, везот излегува од рамката на декоративно-занаетчиска традиција и се трансформира во уметнички јазик со силна социјална и политичка нота.


Фото: Инстаграм;
Фото: Инстаграм;

Јана Јакимовска е родена во 1981 година во Скопје. Дипломирала (2005) и магистрирала (2009) на сликарскиот оддел на Факултетот за ликовни уметности на УКИМ. Нејзиното творештво се движи низ различни медиуми: сликарство, фотографија, интервенции во јавен простор, инсталации, перформанси, илустрација и графички дизајн.


Во последните години, централна тема во нејзината работа е телото и себството – со особен акцент на сексуалноста и општествената позиција на жената. Таа има остварено 23 самостојни изложби во градови како Берлин, Њујорк, Белград, Приштина и Скопје, и учествувала на повеќе од 100 групни изложби во Европа и САД. Добитничка е на неколку награди, меѓу кои и признанието од КИЦ „Константин Мазев – Коце“ за мал формат во 2024 година. Моментално е редовен професор по сликање и сликарски техники на Ликовната академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.



Изложбата „Везилка“ ќе биде достапна за посетители до 4 октомври 2025 година во КИЦ – Скопје.







Стани Дивотно

Comments


Diva Misla е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

Untitled - 2025-07-29T202806_edited.png
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page