top of page

„Гуш и бац е љубов“ – настан за прифаќање, поддршка и игра без граници




На 11 мај, со почеток во 11:00 часот, кај Школка во Градски парк – Скопје ќе се одржи инклузивниот настан „Гуш и бац е љубов“, во организација на Аутизам ААМК. Овој настан, шести по ред од 2018 година, е посветен на подигање на свеста за лицата со атипичен развој, нивното прифаќање и вклучување во општеството.


„Она што сакаме да докажеме и покажеме, како и секогаш на нашите дружби, е тоа дека и децата со атипичен развој сакаат да играат, да се смеат, сакаат да покажат дека и тие знаат, умеат, можат да пеат и танцуваат,“ велат од организацијата.


Настанот ќе биде голема игротека отворена за сите – со креативни работилници, музички и ликовни катчиња, образовни активности и игри за децата. Целта е преку забава и дружење да се срушат предрасудите и да се приближат семејствата со типичен развој кон оние со деца од аутистичниот спектар.


Аутизмот не е болест, туку невроразвојна состојба што влијае на начинот на кој лицата комуницираат и ја доживуваат околината. Кај секое дете се манифестира поинаку – некои имаат потешкотии во говор, некои во социјалната интеракција, додека други се особено талентирани во одредени области. Заедничко за сите е потребата за прифаќање и разбирање.


„Преку игра да им покажеме на семејствата со деца со типичен развој дека треба да ги надминат своите стравови кои се резултат само на страв од непознатото,“ стои во поканата. „Да се запознаат со атипичните лица и со нивните семејства, да дознаат за самата состојба или болест, да се обидат да најдат начин на кој би им помогнале.“


Организаторите потсетуваат на едноставната, но силна порака: „А децата… децата за разлика од нас големите, гледаат со срцето и со душата… Да учиме од нив како треба.“


Сите заинтересирани се поканети да учествуваат и да придонесат кон изградбата на едно отворено и инклузивно општество. Бидејќи, како што порачуваат од ААМК – „Гуш и бац е љубов!“




Стани Дивотно

Comments


Дива Мисла е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

дива лого
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page