top of page

Diana Spencer на поткаст!

Updated: May 11, 2024


ree

CNN конечно влегува во поткаст играта, и тоа влегува на голема врата! Со голема но заситена тема: Diana Spencer. Поткастот се вика: When Diana Met… и пилот епизодата ќе биде "Кога Дијана ја сретна Камила Паркер". Водителката е Aminatou Sou која, ја знаеме од „Call Your Girlfriend” (Јави ѝ се на другарка ти), кој е неделен поткаст „тежок„ 351 епизоди, од 2014 година.


Значи, голема ТВ мрежа, застанува позади искусна поткастерка да направат содржина во медиум кој е меѓу најпопуларните во моментов за една од најпознатите жени во 20-от век, би требало чудо да не биде успешен.


ree

„Просторот е многу збиен во моментов, бидејќи е голема комеморативна година. Што го разликува нашиот поткаст од општата галама е, тој е многу личен, и не е баш фокусиран на славата и гламурот. Ние сме во момент на преиспитување на начинот на кој ги третиравме јавните личност и во случајот на принцезата Дијана – некој што починал многу, многу млад, оддамна – сè уште има многу непознаници околу тоа која е таа, па сакавме да истражиме доста од овие пресврти во нејзиниот живот за да видиме што можат да тие да нѝ кажат за неа, но уште побитно за тоа каде беше јавноста во перцепцијата за Diana Spencer.„ . .


Само последнава година – две ги имавме Круната (Crown), го очекуваме филмот Спенсер (Spencer) каде Kristen Stewart ја игра Дијана), а и CNN неодамна продуцираше доку-серија во шест продолженија, но никогаш не сме ја чуле таа тема на поткаст. Исто така, после случувањата со Harry и Meghan Markel која се чини дека ја реплицира ситуацијата во која беше Дијана барем наизглед, и интервјуто со Опра, тука сме за било која содржина која нѝ е на располагање.


Поткастот "Кога Дијана се сретна со..." ја има својата премиера на 11 ноември.

Стани Дивотно

Comments


Diva Misla е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

Untitled - 2025-07-29T202806_edited.png
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page