Дневник на библиотекар од затворот на Рајкерс Островот.
top of page

Дневник на библиотекар од затворот на Рајкерс Островот.




Повеќе од една година работев по затворите на градот Њујорк како библиотекарски асистент за Бруклинската јавна библиотека. Сега работам во Вернон С. Бејн центарот.




Кога ќе го уклучам радиото пред да одам на работа, често се прашувам дали повторно ќе чујам лоши вести за затворскиот систем.




Казнено поправните домови не ни́ даваат никакви полици, па во Рајкерс, моите колеги и јас буткавме мала количка која шкрипеше, од еден во друг дом.




Телефони и камери не се дозволени на Рајкерс, но јас сум илустратор. Понекогаш гледав работи за кои подоцна бев принуден да ги цртам од сеќавање.





Секогаш сум трогнат од благодарноста и топлината, што некои луѓе ја изразуваат кога сме во состојба да им ги донесеме книгите кои ги бараат.




Рајкерс е еден од најозлогласените затвори во светот. Затворениците - работници го изградиле на темели на ѓубре, и градот Њујорк го преоптоварува капацитетот со шест илјади луѓе, а најголем дел од нив чекаат судење. Многумина едноставно не можат да си дозволат да платат кауција. Некои чекаат со години.


Вернон С. Бејн Центарот, кој сите го нарекуваат Бродот, е затворскиот товарен брод во водата наспроти Рајкерс. Мириса на риба и ѓубре.




Има делови од затворскиот систем кои повеќе не ги посетуваме, бидејќи не се чувствуваме безбедно таму.


Други делови, пак, изгубиле пристап до библиотеката затоа што немаме доволно луѓе за работа.


Во интернатот на амбулантата на Рајкерс, често слушав мажи како зборуваат на говорници со нивните сопруги и деца. Други пак, ја трампаа ужината, или ја разгледуваа правната документација која ќе им беше потребна за судскиот процес.



На вториот и третиот кат од амбулантата, ходниците беа толку тесни, што количката со книги едвај се протнуваше низ нив. Мажите таму беа ставени во кафези поради „заштитничко старателство“ и едвај можеа да ги напуштат нивните ќелии. Им ги подавав книгите преку процеп.



Одвреме - навреме, тешко вооружени „желки“ ќе ни́ наредеа на нас, библиотекарите, да се тргнеме настрана додека маршираа. Оваа единица придружуваше трансродова жена додека затворскиот чувар снимаше се́.

Во 2022 работна група свикана од одборот на КПЗ рече дека затворите често ги ставаат транс луѓето во позиција на опасност, со тоа што ги сместуваат во единици кои не се во согласност со нивниот родов идентитет. Многумина имаа искуство со сексуално насилство.



Можам само да замислам колку осамени моите покровители се чувствувале кога не го зборуваа истиот јазик како тие околу нив. Нашите книги стануваа единствените извори на забава и бегство.




Уметник на петтиот кат направи неверојатни скулптури од сапун и мелено кафе. Ние сретнувавме и талентирани писатели, оригамисти, и дизајнери на маици.




Повеќето затворски чувари не зборуваа со нас, дури не не́ погледнуваа во очи, но една од нив секогаш се шегуваше со нас кога си одевме. Таа бараше да и́ позајмиме книги за да може да си го минува времето на долгите смени.



Кога ќе завршев смена во Рајкерс, моите нозе ме болеа од стоење по цел ден. Ќе размислував за сите луѓе со кои што зборував. Ќе се надевав дека сум направил барем мала разлика во нивните животи.


Зборовите на еден покровител останаа со мене: „Барем ќе си отидеш дома.“


Медар де ла Круз е стрипаџија и асистент за сервисот за Казнено поправни установи во Бруклинската јавна библиотека.




bottom of page