top of page

Домашна канцеларија: традиционална шпанска куќа реконструирана во дом со канцеларија

Updated: Sep 5, 2023

Работата од дома и хибридната работа се трендови кои го обликуваат начинот на работа во иднина. Откако пандемијата на COVID-19 ја промени работната средина, многу компании и вработени ги открија предностите на работењето од дома и сега ја воведуваат како стандардна пракса.


Работата од дома овозможува балансирање на флексибилноста и продуктивноста. Со помош на технологијата, вработените можат да работат од каде и кога сакаат, што им дава поголема флексибилност да ги организираат своите обврски и да го креираат својот сопствен работен ритам.


Од друга страна, хибридната работа ги комбинира предностите на работата од дома со личните интеракции во канцеларијата. Овoј модел на работа овозможува тимска соработка и креативни средби, додека и понатаму ги користи бенефициите на работа од далечина.


Секако, овие трендови им носат на вработените повеќе влијание и контрола над нивните работни услови. Во иднина, сѐ почесто работното место ќе биде онаму каде што е најпродуктивно и најудобно за секој работник, давајќи им можност за постигнување на порелаксиран и задоволителен професионален живот.


Студиото кое ја дизајнираше и пренамени традиционалната валенсијанска куќа во семејна куќа во која има домашна канцеларија го објасни својот пристап на реконструкцијата:


,,Разбирањето на архитектурата и градот како потпора за животот, како сценарио кое генерира и овозможува различни врски и стилови на живот, е принципот по кој се водат интервенциите што ги правиме од Fent Estudi.


Предлогот произлегува од континуираниот дијалог со овие два проектни елементи. Постоечката куќа, со своите наметнувања и можности, и семејството што ќе ја насели, со нивните обичаи, нивниот начин на живот, надежите и очекувањата. Под оваа призма, секоја интервенција ќе биде различна, како резултат на логиката на локацијата на куќата и на нејзините жители, Тони и Нуриа.




Процес на постојана одлука за тоа што ќе остане и што е неопходно, што ќе се измени или не може да се спаси. Процес, исто така, на прогресивно разголување, на откривање и средба со структурите рутите, визуелните елементи, светла, струи, мириси, звуци, рефлексии, предмети... со сѐ што му дава идентитет и значење на местото. Предизвикот со кој се соочуваме е да произведеме висока вредност на една анонимна, народна градба, каде што нејзината искреност е конструктивна, а нејзината автентичност е депонирана во нејзините агли, керамика, патеки, сенки и седименти, покажувајќи го споменот на куќата што е почувствувана, која дишеше, живееше...



Оваа логика на архитектонска интервенција е донесена со фотографирањето на куќата. Се определуваме за слики полни со живот, во кои е фундаментално присуството на жителите. Како што вели Ксавиер Монтејс во Casa Collage, ние се обидуваме да ги избегнеме „оние слики од домашни ентериери прикажани во архитектонски публикации кои се чини дека систематски го избегнуваат присуството на луѓето и нивните предмети; како овие ентериери да се веќе завршени, без потреба или без можност да бидат уредени или населени“.



Во историскиот центар на Торент ја наоѓаме „Ca La Maña“, куќа изградена во 1920 година која е класифицирана како локален релевантен имот поради нејзината типологија на традиционална Валенсијанска куќа (живеалиште, двор, платформа). Оваа оригинална шема беше модифицирана со текот на годините со прилепување на одредени несоодветни надградби за сместување на кујната и бањата, значително намалувајќи ја површината на дворот.



Проектот предвидува акција за рехабилитација која ја почитува типоморфологијата на имотот, неговата надворешност и елиминирање на несоодветните елементи кои постојат во внатрешниот двор. Кујната е проектирана како независен композициски елемент и формално за да се разликува од првобитната градба, решавајќи ја типолошката/функционалната структура релација со посовремен поглед.



Целата интервенција има за цел да ја почитува типоморфологијата и карактеристиките кои ја карактеризираат традиционалната валенсијанска куќа."


Стани Дивотно

Comments


Diva Misla е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

Untitled - 2025-07-29T202806_edited.png
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page