Еден ден во Гана: Кендрик и Спотифај соработуваат
top of page

Еден ден во Гана: Кендрик и Спотифај соработуваат

Откако Кендрик Ламар го промовираше ПГ Ланг, и во мисијата назначи дека една од целите им се продукции на подкасти, издаваштво, видео... се насетува дека Спотифај скокна на шансата да отвори соработка со Ламар. Тој е фамозно интровертен и има зазор од гостувања по медиуми - последниот албум немаше баш никаква прес промотивна тура, па затоа подкаст во продукција на Спотифај со Ламар веројатно е надвор од прашање. Но она што ни́ го дадоа беше сезона на The Big Hit Show подкастот во февруари, каде што го дисецираа класикот To Pimp a Butterfly.





Но Кендрик само провејуваше низ разговорите, нарацијата и перспективата не падна на неговиот грб. Како и да е, доколку изгуглате подкастот беше промовиран со „Кендрик Ламар со подкаст на Спотифај“.

Излегувањето на најновиот Кендрик Ламар албум Mr Morale and the Big Steppers, тој ја дочека во Гана, во Акра, со неговото семејство, и гледавме кратки украдени клипчиња од локалците. Но - еден месец подоцна, Спотифај излегува со „мини документарец„(едвај 4 минути) кој се вика „ Еден ден во Гана“ . Она што се чинеше дека е засолнување на приватниот Ламар беше всушност службено патување: тој го отвори краткиот филм откривајќи дека тоа е негов прв пат во западноафриканската нација. „Не можам ни да ви кажам што е тоа. Само бев во моментот“, рече тој во првата минута од видеото.


Гана е една од омилените дестинации за црните Американци. Во 2019 година, владата на земјата започна кампања наречена Годината на враќањето, одбележувајќи 400 години откако првите поробени Африканци беа донесени на бреговите на САД од Западна Африка. Тоа беше дел од повеќегодишната иницијатива да се зголеми глобалниот туризам во Гана и да се направи нацијата изборна дестинација за црните Американци за да направат физичка и културна врска со земјата на многу од нивните предци.


Останува да видиме каде ќе отиде Кендрик Ламар со неговата ПГ Ланг и Спотифај.



bottom of page