top of page

Емотивна промоција на книги од творештвото за возрасни на Оливера Николова

Updated: Apr 1, 2022

Вчера(29.03) Оливера Николова - со која децата чиј мајчин јазик е македонскиот се описменуваат - беше крунисана како „книжевна мајка на сите македонски писателки„ на нејзината промоција - таа круна колективно доделена од голем дел од новата генерација писатели и издавачи. Читајќи го нејзиното излагање две работи скокнаа од текстот. Првиот - „синдромот на натрапник„. Оливера Николова почнува со „ Многу би сакала да верувам дека го заслужувам овој момент. Ова што се случува овде. Верувајте ми, тоа е едно чувство со кое се борам вечерва„.




Колку и да шокира, сепак после не толку долго разгледување во себе на тоа „како може тоа да се случило„ и е сосема разбирливо. Тие претргања се често моторот и силата која го вежба креативниот дух.

Втората работа: и покрај очекувањето на формалноста прикладна за промоции, изненадувачки, Николова ни́ се обрати отворено и со доза интимност.


Модератор на настанот беше уредничката на изданијата, Оливера Ќорвезироска, која го напиша и поговорот за „Кадифената покривка

а останатите нови поговори ги напишаа Елизабета Баковска (поговор за „Куклите на Росица“), Румена Бужаровска („Куќичка“), Владимир Мартиновски („Тромбот“), Калина Малеска („Адамовото ребро“), Јелена Лужина („Збогум Вано, Ванке...“), Гоце Смилевски („Пешаци по црни полиња“), Никола Гелевски („Белиот чад“), Владимир Јанковски („Лева комора“) и Катица Ќулавкова („Вежби за Ибн Пајко“), Кица Колбе (поговор кон „Тесна врата“) и Давор Стојановски („Песот со тажен поглед“).


Реобјавените книги на Оливера Николова ќе бидат достапни во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку www.literatura.mk



Стани Дивотно

Comments


Diva Misla е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

Untitled - 2025-07-29T202806_edited.png
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page