top of page

„Железничарот на крајот на светот“ вечерва премиерно во Железничката зграда во Скопје

  • 3 days ago
  • 2 min read

Перформативниот радио есеј  премиерно ќе биде изведен на 5 мај во просторот на киното во Железничката зграда во Скопје, на улица Борка Талевски 26. Билетите за премиерата се однапред распродадени, а перформансот истовремено ќе се емитува во живо и на StereoLab Radio.

„Железничарот на крајот на светот“ е имерзивно патување низ последните 130 години од светската историја, од 1896 до 2026 година, во кое работничките и синдикалните борби на железничарите се испреплетуваат со некои од најзначајните уметнички движења на XX век, но и со подемот, падовите и постојаната закана од фашизмот.


Во темнината на црната кутија, публиката, лишена од сетилото за вид, преку звук, простор и телесно присуство е повикана да го доживее минатото на радикалните, прогресивни, левичарски, автономистички, синдикални и уметнички движења, но и да замисли иднина во која нивните идеи за солидарност и заедништво би можеле повторно да станат реалност.


Перформансот е развиен преку колаборативно истражување на пресекот меѓу визуелната уметност, архитектурата, музиката и изведбените уметности, надоврзувајќи се на документарна и истражувачка работа за историското, општественото и културното значење на железничарите во поранешна Југославија.


Авторскиот концепт и сценскиот дизајн се на , додека развојот на перформансот е на Јовановски и . Текстот го потпишуваат Леловац и . Креативната продукција и соработката на сценскиот дизајн се на , а изведувачка е . Оригиналната музика и дизајнот на звук се на , продуцент е , а кураторскиот поглед е на .


Проектот е продукција на  во партнерство со Лабораторијата за просторно-изведувачки практики „ГРАДОТ КАКО СЦЕНА“, која функционира во рамки на  и .


ФРУ, односно „Факултет за работи што не се учат“, е една од најзначајните независни културни платформи во Македонија, активна од почетокот на 2000-тите. Организацијата работи на пресекот меѓу современата уметност, архитектурата, јавниот простор, политичката теорија и граѓанскиот активизам, а нивните проекти често отвораат прашања за колективната меморија, социјалната правда и културното наследство.

Стани Дивотно

Comments


Diva Misla е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

Untitled - 2025-07-29T202806_edited.png
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page