ЗРНО – изложба на благородни процеси и живи фотографии
- Ана Чушкова / Ana Cuskova
- 2 days ago
- 1 min read
Изложба што ја слави уметноста на аналогната фотографија – спој на занает, експеримент и современ израз.

Во рамките на фестивалот „Зрно 2025“ се отвора изложба на дела создадени за време на неговите фотографски работилници простор каде што хемија, хартија и светлина се среќаваат во експериментален ритуал. Учесниците работеа со низа благородни процеси кои ја слават материјалноста на фотографијата: цијанотипија, Van Dyke Brown, мокар колодиум, фотограм, лумен принт, напредна црно-бела фотографија, фоџо и гумотипија.
Резултатот е колекција што ја преминува границата меѓу занает и современ авторски израз, сведоштво за живата, отпорна енергија на аналогната сцена во регионот. Секое дело носи белег на времето и процесот: отпечаток од сонце, трага од рака, хемиска сенка или случајна несовршеност што станува дел од приказната.
Мал сегмент од изложбата е посветен на оживувањето на оригиналните негативи на браќата Манаки, реализиран во соработка со Државниот архив на Македонија , одделение Битола. Со оваа интервенција, „Зрно“ им оддава омаж на пионерите на фотографијата на овие простори, вплетувајќи ја нивната оставина во современиот контекст на експерименталната практика.





Comments