Изложба во чест на мајсторите: Младите уметници ја продолжуваат традицијата на модернизмот
- Ана Чушкова / Ana Cuskova
- 1 day ago
- 1 min read

На 20 мај 2025 година (вторник), со почеток во 20 часот, во галеријата „Империјал 2“ ќе се отвори годишната изложба „Четирите мајстори на модернизмот“, на која ќе се претстават студентите од четврта година на Студиската програма за сликарство при Факултетот за ликовни уметности – Скопје.
Изложбата е посветена на четворицата темелачи на современото сликарство во Македонија и основачи на Катедрата за сликарство: Петар Мазев, Родољуб Анастасов, Димитар Кондовски и Душан Перчинков. Преку оваа традиционална манифестација, се оддава почит на нивниот уметнички и педагошки придонес, а истовремено се отвора простор за новите генерации уметници да се претстават пред јавноста.
Оваа година ќе изложуваат: Андреј Антевски, Ана Томовска, Благица Трајкоска, Горазд Николовски, Елена Стојкова, Ема Теовска, Марија Ќурчиева, Марија Нешкоска, Павел Бучковски и Христијан Петровски. Посебен гостин на изложбата е и Хорхе Триано, студент на Еразмус програмата. Студентите се од класата на професор Благоја Маневски (прва до трета година) и професор Ангел Миов (четврта година), кои со својата работа го продолжуваат духот и критичкото размислување на модернистичкото сликарство во македонскиот контекст.
コメント