top of page

Инстаграм цензурира објави за изложба во Њујорк посветена на голотијата

Updated: Jan 16, 2024

На една галерија во Њујорк, која во моментов прикажува изложба со цел да ја десексуализира концепцијата за голотија, Инстаграм профилот и́ беше избришан поради ... објавување на уметничко дело што прикажува голо тело.


Изложбата ,,Голотијата не е радикална!", која ќе биде изложена до 3-ти февруари во галеријата Kravets Wehby во Њујорк, е точно она што вели дека е - презентација на голотијата надвор од сексуализиран контекст. Но, оваа изложба едноставно не може да ги пренебрегне алгоритмите на Инстаграм, кои ја означија како ,,сензитивна" содржината што ја објави галеријата.


ree
Александра Рубинштајн, „Замката на Венера“ (2023), менструална крв на платно.

Директорката на галеријата Емили Салтман, која ја курираше изложбата, сподели дека е родена од нејзиното искуство кога лично ја видела „Олимпија“ (1863) на Едуард Мане за прв пат на изложбата ,,Мане/Дега" во Метрополитен музејот на уметност минатата есен. Осврнувајќи се на тоа како толку многу од првите посетители кои биле скандализирани од презентацијата на нејзината тема, која била направена по модел на сексуална работничка, и со вклучувањето на црна жена во преден план, Солтман рече дека тогаш знаела што треба да направи.


И токму „Замката на Венера“, или само дел од неа, ја активираше алгоритамската полиција на Инстаграм. Неколку дена пред приемот за отворањето, Салтман го уреди делото како дизајн за поканата, на начин кој може да се оквалификува како „има г'з“ - и го објави на платформата за социјалните медиуми и веднаш доби известување дека објавата „може да го ограничи досегот [на сметката на галеријата] за оние кои не се следбеници .“ Потоа, кога сопственикот на галеријата Марк Вехби ја сподели истата газлеста покана на неговиот личен профил на Инстаграм, Мета веднаш ја отстрани објавата.


Разликата во тоа како Мета ја означи истата картичка за покана објавена на сметката на Инстаграм на галеријата наспроти онаа на сопственикот на галеријата Марк Вехби.



Многу од истакнатите уметници, вклучително и самата Рубинштајн и сликарката Асата Мејсон, која ја претставува Вехби, известуваат дека Мета претходно ги избришала нивните објави. Рубинштајн изјави за Hyperallergic дека нејзините претходни дела - детални слики на пениси или машки икони и познати личности кои вршат орален секс на женските гениталии - била многу посексуализирана од „Замката на Венера“, но само привремено отстранета, додека втората веднаш била тргната од нејзината сметка.



ree
Сликите на Асата Мејсон и Шантал Внук и текстилно дело на Феликс Бодри изложени заедно во предниот изложбен простор во галеријата Кравец Веби за голотија не е радикално!


Мејсон, која вообичаено ја слика својата голотија , вели дека ја отстранува облеката од нејзината работа бидејќи „облеката е многу специфична за одреден временски период“ и е натежната со значења „Луѓето ја доживуваат мојата голотија како инхерентно сексуална, кога таа е неутрална за мене. Таа [голата фигура] не е во кожени ремени со нитни... Има толкава конотација на облеката колку што има и нејзиното отсуството: -ова е, само моето тело и едноставно постои“.


ПОВЕЌЕ




Ова не е првпат Мета (компанијата зад Instagram и Facebook) да ги брише или ограничува постовите на уметниците кои прикажуваат голотија, но оваа ситуација го поставува прашањето за тоа како дигиталните платформи ги третираат уметничките дела и дали нивните политики за содржина можат да бидат применети конзистентно и правично.


ree
Џастин Јун, „Ѕидот“ (2022), акрил, гваш и блескави монистри

Активистичката арт група за уметност "Не бриши уметност" (Don't delete art - DDA) го изразува своето незадоволство од овие политики и нивниот главен и одговорен уредник ( и дописник на Хипералерџи) Ема Шапиро препорачува на уметниците да ги регистрираат своите Instagram профили како Професионални/Бизнис профили за да станат подобро информирани за прекршоците на препораките за содржина и можеби да помогнат во контекстуализацијата на своите дела.Додека оваа борба продолжува, уметниците и галериите продолжуваат да се борат за својот простор на интернет, истовремено   справувајќи се со деконструкцијата на сексуализираната голотија во своите дела.


ree
Риика Сормунен, „Забава во езерце“ (2023), масло на платно, диптих

DDA забележале „еволуција во начинот како сметките се означени како небезбедни, на Мета платформите “ и велат дека препораките на Инстаграм прикажани на сметката на галеријата се „прозорец за тоа како и зошто платформата ја намалува видливоста на содржините“, феномен познат и како „банирање од сенка“.

„Иако не можеме да одговориме зошто галерија би била третирана поинаку од профили на поединци за исти слики, тоа е фрустрирачко однесување на ко


ree
Џејд Такер, „Заобиколен пат“ (2024), акрилик, масло и боја со спреј на платно, диптих

 Мета нема дадено коментар за оваа ситуација.


Стани Дивотно

Comments


Diva Misla е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

Untitled - 2025-07-29T202806_edited.png
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page