top of page

Каи Сенат на насловна на TIME: Новата ера на дигитални икони

Веќе длабоко сме загазени во ера каде што YouTube клипови, поткасти и TikTok видеа се влијателни речиси колку и традиционалните медиуми, па така TIME ја препозна новата класа на ѕвезди – дигиталните креатори. На 9 јули, магазинот ја објави својата прва TIME100 Creators листа, посветена на 100 највлијателни онлајн гласови кои ја менуваат културата. На насловната страна се најде Каи Сенат, симбол на новиот дигитален поредок.

ree

Од Twitch до TIME: Кои се новите фолк херои?



Доколку некогаш постоеше дилема дали интернет ѕвездите се “вистински” познати, оваа листа ја расчистува секоја сомнеж. Каи Сенат, познат Twitch стример, заедно со ликови како IShowSpeed, Sean Evans (водителот на Hot Ones), и MrBeast, не се само инфлуенсери – тие се културни двигатели.


На листата се и неколку од најпопуларните поткаст гласови денес, како Џо Роган и Алекс Купер (Call Her Daddy), што сугерира дека поткастите се веќе не само алтернатива, туку и главна сцена за дијалог, провокација и влијание.

Каи Сенат е американски стример, YouTube креатор и интернет сензација кој за кратко време стана едно од најпрепознатливите лица на дигиталната сцена. Тој е познат по својата енергична личност, хумористични видеа и интерактивни стримови на платформата Twitch, каде што постави историски рекорд за најмногу претплатници на платформата во историјата. Неговата способност да забавува, да влезе во директна комуникација со својата публика и да создава уникатни моменти во живо му донесе огромна база на следбеници и влијание кое одамна ги надмина рамките на гејминг заедницата.


Покрај својата популарност на Twitch, Каи успеа да се пробие и во мејнстрим медиумите, со соработки со славни личности, музички ѕвезди и други влијателни креатори. Неговата автентичност и чувство за шоу го направија пример за новата генерација на дигитални креатори кои сами си го градат патот, без традиционална поддршка од медиумски куќи. Со своето појавување на насловната страница на првото издание на TIME100 Creators, Каи Сенат ја запечати својата позиција како културна икона на новото време.

Поткастот како нова лектира?


ree

Поткастите одамна не се само разговори – тие се начин на едукација, терапија и ангажман. Jay Shetty, кој нуди совети за ментално здравје и самосвест, и Theo Von, чиј хумор и искреност се лек за модерниот стрес, покажуваат дека денешната “лектира” може да се слуша, а не само да се чита.


Поткастите како оние на Роган или Купер често отвораат теми што формалното образование ги избегнува. Од политика до секс, од психотерапија до бизарни животни приказни – тие се новите училници на интернет генерацијата.



Во традиционалниот смисол, фолклорот ги раскажуваше приказните на народот. Денес, тоа го прават креаторите со камера и микрофон. Ликови како Amelia Dimoldenberg (Chicken Shop Date), Keith Lee (вирален рецензент на храна), и дури и Haliey Welch (позната како “Hawk Tuah Girl”) се доказ дека хуморот, искреноста и автентичноста се валутата на новата фолк сцена.


Оваа листа не само што ги слави дигиталните ѕвезди, туку и ги признава како културни лидери. Како што кажа уредникот на TIME, Сам Џејкобс:


„Тие го менуваат она што го гледаме, како го трошиме времето, што купуваме – и како гласаме.“


Во истиот контекст, не е случајно што Доналд Трамп, во својата кампања за 2024 година, речиси исклучиво се појавуваше во дигитални формати, избегнувајќи традиционални медиуми.

Стани Дивотно

 
 
 

Comments


Diva Misla е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

Untitled - 2025-07-29T202806_edited.png
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page