Како да се грижиме за растенијата за време на летните жештини!
top of page

Како да се грижиме за растенијата за време на летните жештини!

Последниве неколку денови во Македонија врнеше и со тоа, не само што се спуштија температурите, туку и жедните цвеќиња и култури убаво се нахранија со вода која не е „тешка“ за нив, дождовница. Но - екстремните жештини кои официјално се 35-36Ц, топломерите кажуваат сосема друга приказна, посебно во градини свртени на југ, и кои се на терасите, или на бетон - е тие жештини почнаа уште во мај! И сосема сигурно ќе се вратат барем уште неколку пати до крајот на летото.


Да, температурите знаат да бидат ужасни летно време посебно по градовите, но има начини да ги спасите и заштитите вашите растенија од жештината. Еве пар совети за справување со жештината. Не заборавајте да земете капа, да пиете многу вода и опрема и за вас за заштита од сонце пред да се посветите на вашата градина.


1. Вода, ама длабоко



Длабокото наводнување во основата на растението подолго време е најдобриот начин за оживување и заштита на растенијата, бидејќи ги вовлекува корените подлабоко во земјата. Растенијата се како луѓе, тие знаат да бидат мрзливи. Ако добиваат вода по 5 минути секој ден, тие ги задржуваат своите корени блиску до површината, така што со длабоко наводнување ги тренирате растенијата да ги испратат своите корени длабоко во почвата каде што е водата. Длабоко наводнување на повеќето растенија еднаш неделно е повеќе препорачливо. На колку време? Тоа зависи од вашата почва, но доволно долго за да ја засити почвата едно 30цм во длабочина. На зеленчукот можеби ќе треба длабоко наводнување два или три пати неделно кога е навистина топло. Како го прават тоа некои градинари и земјоделци? Ги потопуваат саксиите од 5 литри (тип кои имаат одводни дупки) помеѓу растенијата во нејзината градина и потоа ги полни три пати со вода, еднаш неделно.


Кога знаете дека доаѓа жежок бран, можете да се подготвите и со длабинско наводнување на нивото на земјата, идеално ноќе, кога воздухот е поладен.


2. Но, не претерувајте со вода


Растенијата понекогаш венеат од силно сонце, дури и кога имаат доволно вода. Тестирајте ја почвата пред да наводнувате! Ако садот делува тежок или почвата е влажна околу еден сантиметар под земјата, на вашето растение веројатно не му треба повеќе влага.


3. Нема вода на сонце


Колку и да звучи примамливо, не ги наводнувајте растенијата на пладне; тие капки вода се претвораат во мини лупи на листовите и ја засилуваат топлината па ги горат лисјата. Се препорачува да се прскаат растенијата за да се изладат, но само откако ќе зајде сонцето.


4. Поставете некоја сенка


Би функционирал и голем чадор за плажа, како и мрежести ткаенини. Можете исто така да користите стари чаршави, или наместен картон за да им дадете на вашите растенија одишка од жешките зраци. Клучно е да бидете сигурни дека вашите реквизити за сенка дозволуваат воздухот да циркулира слободно околу растенијата. Ако единствената крпа што ја имате е со темна боја, запомнете дека може да апсорбира топлина и може да го изгори секое зеленило што ќе го допрат, па чувајте го неколку инчи над или подалеку од растенијата. Еве еден лесен „направи сам(а)“ градинарска сенка која можете да ја направите од ПВЦ цевки и платно(на англиски) :




5. Не отстранувајте го оштетеното зеленило


Тие кафени лисја и гранки служат како заштита од дополнителни оштетувања и всушност можат да содржат живо ткиво, па не ги земајте ножиците, барем засега.


6. Престанете со сите кастрења до есен


Дури и растенијата што изгледаат во ред ќе бидат под стрес во оваа топлина, а кастрењето само дополнително го зголемува тој стрес. Оставете ги да растат како што сакаат и исечете ги кога е поладно.


7. Заборавете на ѓубривото


Коренските системи страдаат при висока топлина; апсорбирачкото ѓубриво може да направи дополнителна штета. Директниот компост и органските ѓубрива со ниска содржина на азот (броеви помали од 3) се во ред, ако не вклучуваат ѓубриво, риба или крв, бидејќи тие содржат соли, што може да предизвика топлински стрес и горење.


8. Домати итн.


Тажно е да се каже, но тие млади домати што се со плускавци, пиперки, тикви и грав нема чудесно да созреат на лозата. Отстранете ги за да може мама- растенијата да се фокусираат на опоравување. Не очекувајте повеќе овошје да се зачне додека температурите не се спуштат под 30 -35на степени 10 дена по ред.



9. Рози


Правилото за забрана на кастрење не важи за розите, бидејќи тие се многу подложни на болести. Не сакате да оставите еден тон мртво ткиво за болести и инсекти па отстранете ги исушените цветови и гранки.


10. Растенија и цвеќиња во саксии и жардињери


Избегнувајте саксии и жардињери со темна боја, кои ја апсорбираат топлината повеќе од посветлите бои и всушност можат да ги испржат корените на растението. Обидете се да ставите растенија во саксии кои се пак, во поголеми саксии за да им дадете одредена изолација и сенка, но погрижете се двете саксии да имаат добра дренажа. Растенијата се дават во стоечка вода, дури и кога е жешко.

bottom of page