Лори Андерсон и нејзиниот ангажман - кој повеќе изгледа на љубов - во подкастите
top of page

Лори Андерсон и нејзиниот ангажман - кој повеќе изгледа на љубов - во подкастите


„Лори Андерсон има порака за нас луѓето“

  1. Дали е доволно комплицирано?

  2. дали е доволно едноставно?

  3. дали е доволно лудо?

  4. дали е доволно убаво?

  5. дали е доволно глупаво?



Ова се петте прашања кои Лори Андерсон си ги поставува секој пат кога прави нешто креативно. И ги споделила, со Сем Андерсон, водителот на The Sunday Read - едиторијалот на подкастот The Read во продукција на New York Times. Тој е нараторот , Лори не ја слушаме како гостин или домаќин, но секако е присутна преку музиката и приказната која почнува во самиот почеток на пандемијата, февруари 2020. Најразличните анегдоти, и звучни возбудливи имиња, луѓе кои се провлекуваат - нè вовлекуваат без трошка самосвест или срам да уживаме во пристап на масата со кул децата(Пети Смит, Абрамовиќ, Јоко Оно, Дона Каран Брајан Ино) .. „Јас сум многу брблива личност. Учам за работите со тоа што зборувам за нив.“..кажува Сем - дека кажува Лори. Не сум сигурна која е пораката за нас луѓето, но беше забавно да го „видам“ секојдневието на Лори, раскажано со книжевен квалитет.



AWAKEN е сосема поинаква приказна - таа се појавува како капетанот наратор...

Лори Андерсон се чини дека скокнала без никаква задршка во подкастерство. Доколку ја знаете и нејзиниот смирувачки глас, знаете дека можно е да не ви биде важно за што зборува, која е темата на подкастот, само хармоничната вибрација на бојата на гласот е доволна. Но - таа се чини дека заинтересирана духовно, интелектуално за будизмот, и неговите пракси, филозофии. Па така таа води подкаст серија од 10 епизоди, која рефлектира од изложба и нејзините експонати, со истото име. Првата епизода е : соочување со хаос во која ја кажува својата приказна комичарката Апарна Нанчерла, која го објаснува својот животен пат до Будизмот.


"AWAKEN е подкаст и почесник на Webby , чиј домаќин е познатата музичарка и изведувачка уметница Лори Андерсон за динамичниот пат до просветлување и што значи да се „разбудиш“. Во 10 епизоди се нурнуваме во личните приказни на гостите кои споделуваат како доживеале промена во нивната свест и како резултат на нивната перспектива за животот. Од длабока интроспекција до љубопитни моменти кои го менуваат животот, будењето може да има многу форми, од секојдневно до свето. Преземајќи инспирација од изложбата AWAKEN: тибетско будистичко патување кон просветлување, ние ги користиме уметничките дела како отскочна даска и слушаме од автори, уметници, носители на мудрост и будистички учители, бидејќи секое патување е различно.„ - објаснуваат во Рубин музејот кои се дом на подкастот.


Патот на скептикот кон просветлување: Уметност, медитација, и смрт како авантура“


Овде Лори е гостинка. Ја кажува својата лична приказна околу својата приврзаност кон Будизмот. „Мојот сопруг, умре толку прекрасно, имаше таков талент за тоа“ - кажа, на шок на водителот... ѝ се заблагодари што го сподели тоа со нејзе.

Медитација водена од Лори Андерсон - смрт и повторно раѓање... Мислам дека не е потребно некое посебно објаснување.


p.s. The Wire ја има Лори повеќе во радио шоу, каде можеме да го чуеме нејзиниот музички избор - "Изданието на 28 јули на неделното шоу на The Wire на Резонанс ФМ имаше избор на специјален гостин од Лори Андерсон, плус песни од Тег и Адел Поурсамади, Ал-Касар, Иан Кар со Nucleus и повеќе":





bottom of page