Лунарна Нова година!
top of page

Лунарна Нова година!




2022 е годината на Водениот Тигар. Почнува на 1ви Февруари и завршува на 21Јануари 2023. Година на Водениот Тигар доаѓа еднаш секои 60 години.

Години на Тигарот се: 2022, 2010, 1998, 1986, 1974, 1962, 1950, 1938.….

Тигарот е познат како крал на сите ѕверови во Кина. Зодијачкиот симбол на Тигар е симбол на сила, бркање на зли сили, и храброст. Многу деца во Кина носат капи или чевли со слика на тигар за добра среќа.


Во контекст на пандемијата - годината на Тигарот е одлична вест, но Водениот Тигар значи дека ќе има случувања поврзани со океанот, реките, морињата...

Бикот и Козата ќе бидат најсреќни знаци во 2022. Тие што се родени во знаците на Стаорец, Змија, Мајмун, Свиња и Куче, ќе мораат да направат напор да постигнат успех. Зајакот, Ламјата, Коњот, и Петелеот ќе имаат мирен живот и добра среќа во заработувањето пари оваа година. Тигрите ќе се соочат со „година на родениот знак„ во 2022. Носењето на црвената боја ќе им носи среќа оваа година.

Водениот Тигар доаѓа од петте елементи на Тигарот(Злато, Дрво, Вода, Оган и Земја). 2022 е година на Водениот Тигар, што индицира просперитетна година, поради квалитетите: сила, изгонување на зло, и храброст.

Кинезите веруваат дека што ќе правиш на почетокот на новата година, ќе влијае не среќата на годината што следи.

Да бидеш буден на ноќта на новата година(31Јануари) и да комуницираш со добри зборови, со својата фамилија, и пријатели носи добра среќа.

Има низа на суеверија како на пример: не се сече косата, или не се купуваат чевли во месецот на новата година.




Среќни бои за 12те кинески знакови на зодијакот:

Стаорец: црвена и сина

Бик: црвена и жолта

Тигар: портокалова, црна и плава

Зајак: зелена, виолетова, и портокалова

Ламја: жолта и бела

Змија: небесно сина и сребрена

Коњ: зелена, сина и црвена

Јарец: светло жолта

Мајмун: бела и бебешки сина

Петел: жолта

Куче: жолта, црна и сива

Свиња: жолта, зелена и црна

bottom of page