Малиот Принц Џорџ и лекцијата за ѓубрето
top of page

Малиот Принц Џорџ и лекцијата за ѓубрето




Принцот Вилијам раскажа анегдота од животот на својот осумгодишен син Џорџ, која кажува дека дете разбира и има повеќе свест за околината отколку милион возрасни Македонци. Имено, на поткастот на ВВС Њускаст, дека кога како активност во школото - собирање ѓубре го разлутила. Но не затоа што бил мрзелив. Вилијам кажа:

„Џорџ беше во школо неодамна, и собираа ѓубре. Додека зборував со него пред некој ден сфатив дека беше збунет и гневен од фактот дека еден ден отишле да собираат ѓубре, а следниот ден кога поминале по истиот пат, во истото време, ѓубрето што го исчистиле било повторно таму.„

Така научил дека луѓето не загадуваат случајно туку тоа го прават од недостаток на грижа за околината.

Ние во Дива сме исклучително засегнати, оваа тема нѝ е болна, затоа што живееме во средина со природа која го одзема здивот, но се чини многу од луѓето што живеат во неа, не се грижат и ја осакатуваат со ѓубре, ги загадуваат реките, земјата, шумите, наместо да ги пазат, уживаат и се гордеат со нив.


Во прилог неколку сцени забележани деновиве, на патот кон Богомила и македонскиот бисер Солунска глава, на потегот помеѓу селото Теово и Согле. Ѓубрето е повторно проблем - го нагрдува и уништува нашето богатство.


bottom of page