top of page

Најстарата круна на светот

Елитите постојат одамна, веројатно од крајот на неолитскиот период, кога номадските ловци-собирачи преминале во земјоделски заедници. Концептот за приватна сопственост (што значи сопственост на земја која може да се предаде на своите наследници) и појавата на металургијата, (која создава трајни симболи на престиж), придонеле за социјалната стратификација.



ree


Во јужниот Левант (современ Израел), за време на халколитскиот период (бакарното доба - 4500-3600 г.п.н.е.), елитата на една култура за која малку се знае, освен дека биле "господари на огнот" - бакарници и занаетчии со богата култура со симболизам - ги носеле својата привилегија и статус и во гробот.

Обичните смртници биле едноставно погребувани, но телата на племенските достоинственици биле изложувани на отворено додека не би останале само коските. Потоа биле погребувани со церемонии.

Во тек е изложба на нивните погребни богатства, откриени од израелските археолози, во 1961 година, во пештера на галилејските височини, која е изложена во Институтот за изучување на стариот свет, на Источна осумдесет и четврта улица.


Главната атракција, која за прв пат ја посетува Америка, е елегантна лента од потемнет бакар, висока 18 cm и со дијаметар од речиси 17cm. Горниот раб е опкружен со шилести фигури: крст во облик на дршка; две долговрати птици, кои можеби се мршојадци; и две стилизирани порти или решетки со рогови. Вистинската функција на овој предмет, во животот или во смртта, е мистериозна, но има изглед на дијадема (опкружувањето е како на мала шапка за маж), и организаторите на изложбата го нарекуваат "најстарата круна во светот".


Круните се носеле од владетелите и божествата од страна на двата пола од праисториските времиња. Основните карактеристики на машкоста - гриви, рогови, прекрасно перје и, пред сè, круната на сонцето - го инспирирале нивниот дизајн. Императорската круна на Наполеон беше венец од златни лисја од ловор, начин на кој се изразувала почит во класичниот свет кон победникот на игри или во војна.


ree


Круната од трње на Христос било исмевање на неговото тврдење дека е цар на Евреите. Кога три кобри се појавуваат на мермерната дијадема на една хеленистичка императорка, веројатно станува збор за Клеопатра. Зборот „диадем“ доаѓа од грчката именка за „лента“ или „панделки“, но подоцнежните, посложени круни на христијанството се кастелирани, како куполи. Павле VI, последниот Папа што беше крунисан, во 1963 година (неговите наследници се одлучиле за инагурација), носеше „тијара“ која личеше на базилика. Старата „круна“ од Галилеја можеби исто така симболизира света зграда - затворена или оградена.



ree




Стани Дивотно

Comments


Diva Misla е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

Untitled - 2025-07-29T202806_edited.png
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page