top of page

Пловечки универзитет од Берлин инспирираше со предавање за урбан активизам во Скопје

Амфитеатарот на Архитектонскиот факултет во Скопје, во средата беше местото каде значајниот архитектонско-уметнички експериментален колектив од Берлин, ПЛОВЕЧКИ УНИВЕРЗИТЕТ, одржа впечатливо предавање. Како што информираа од тимот на АКТО и Факултетот за работи што не се учат (ФРУ), предавачите Кристин Лаз и Дејвид Нил Морзи "исклучително ја заинтересираа публиката".



Предавањето, кое се одржа завчера, е дел од програмата „Градот како сцена: еколошки иднини“. Организаторите истакнаа дека со ова предавање воедно се најавува и повеќедневната работилница на колективот со студенти од повеќе сродни факултети во киното на Железничката зграда во Скопје.

Според известувањето, "ПЛОВЕЧКИ УНИВЕРЗИТЕТ со своето предавање оставија силен впечаток пред македонската публика составена од различни професионалци и граѓани заинтересирани за нивната работа, токму поради темата на предавањето кое се однесуваше на методи на урбана пракса." Публиката имаше можност "да се запознае со она што го работат преку нивните еколошко-ахитектонски визии, но и да ги видат урбаните делувања и примери преку кои се обидуваат да го трансформираат јавниот простор."



Од АКТО и ФРУ додаваат дека преку дискусијата се отворија и пошироки прашања за тоа што всушност урбаните трансформации и методите кои се користат, значат во јавниот простор во Берлин, ресурсите, поддршката и нивното остварување наспроти она што може да се научи и да се преземе тука, кога размислуваме за урбаните еколошки иднини, одржливоста, но и нови концепти за работа и инспирација. Во фокусот на настанот, како и на целокупната работа на колективот, беше "еколошката одржливост и перспектива на тие трансформации... но и воопшто нивната работа и визии за опстојување."

Посетата на колективот на Македонија трае до сабота, а во меѓувреме, тие продолжуваат со практична работа. Како што е наведено во известувањето, "тие продолжуваат да работат на конкретен пример преку киното на Железничката зграда во Скопје, каде заедно со избраните учесници на отворен повик се фокусираат на неговата иднина преку концептите на ре-употреба и сценографска итервенција во јавните простори, демократското и солидарно градење заедништво и потенцијалот кој може да се искористи за вклучување на различни актери кои можат да придонесат за менување на урбаните простори и активностите кои можат да бидат дел од промените на просторот."



Мајската програма на „Градот како сцена: еколошки иднини“, според најавите, завршува во сабота, со перформативна јавна работилница на која ќе се презентираат резултатите од повеќедневниот процес насловен како ИДНИНАТА НА КИНОТО [релациите] во ЖЕЛЕЗНИЧКАТА ЗГРАДА-модели на управување преку [урбано] готвење.

Стани Дивотно

Commenti


Дива Мисла е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

дива лого
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page