Погледнете го „Берберот од Литл Рок“: номиниран за Оскар во категоријата најдобар краток документарец
top of page

Погледнете го „Берберот од Литл Рок“: номиниран за Оскар во категоријата најдобар краток документарец

Во „Берберот од Литл Рок“ се работи за Црн сопственик на мал бизнис, кој се бори со расна дискриминација во банкарството. Арло Вошинготн од Арканзас, се обидува да им помогне на Афро-Американците да ги надминат предрасудите во банкарството. Вошингтон води колеџ за бербери каде студентите учат како да шишаат коса и да водат сопствени бизниси. Тој, исто така, управува со People Trust, кредитна унија посветена на службата на црнечката заедница, чии членови се соочуваат со дополнителни бариери во добивањето заеми и други средства за финансиска поддршка. Џон Хофман, добитник на четири Еми награди, го режираше филмот заедно со Кристин Тарнер, а пензионираната Н.Б.А. ѕвезда Двејн Вејд служеше како еден од извршните продуценти. Режисерите изјавија за Њујоркер: „Додека расните поделби во нашата земја остануваат застрашувачки сложени и навидум невозможни да се надминат, Арло Вашингтон ни покажува пат напред - начин, како што вели Арло, „да го израмниме теренат за игра и да создадеме економска правда. ""



За титлови на македонски, во „подесувања“ уклучете ги „титлови: превод: македонски“ .






bottom of page