Подкаст лектира: Мирко Попов во Парк шема
top of page

Подкаст лектира: Мирко Попов во Парк шема

Мирко Попов се навикнавме да го гледаме како наставник со лењир кој удира по прсти на палавите Фејсбук деца. Или тоа, или - во дефанзивна состојба, од шок на истурена врз глава коска-ладна вода. Таа дефанзивност го остава обично помеѓу бравадо и гризања со цинизам, но не и овде. Овој 90-минутен разговор со „клинците„ Андреј Игњатовски и Петар Марковиќ (продуцент им е Дејан Џолев - имаат продуцент!:) ) кои се прилично информирани и елоквентни подкастери и имаат одличен сенс за медиумот и го возат како најизверзираните професионалци, е толку интригантен.... го гледаме Мирко во омекната, човечна, и отворена варијанта.



bottom of page