Почнуваат празниците!
top of page

Почнуваат празниците!

Со американскиот Ден на благодарноста, почнува празничниот период. Длабоката стара есен се чини дека е зима, ланските новогодишни украси по магацините и рафтовите се заменуваат со нови…


Меланхолијата за претстојното сивило - посебно февруарското, избледува како и златникавиот темен тен на летната кожа… седум години по ред ја земам кутијата со лампиони и од нив отпакувам намерен ентузијазам со предумисла. Осмата година - упали. Се фати некако носталгијата во градина од пријатни топли сеќавања, божиќни филмови, вечери пред ќумбе, заедништво…





bottom of page