Премиера на „Молкот на Марија Магдалена“ – театарска претстава за трговијата со луѓе
- Ана Чушкова / Ana Cuskova
- 8 hours ago
- 1 min read
Модерна интерпретација на Марија Магдалена што ја разоткрива тишината околу трговијата со луѓе.

На 15 октомври (20:00 ч.) во Салон 19:19 ќе се одржи премиерата на драмската претстава „Молкот на Марија Магдалена“, авторски проект на Театар за тебе, со поддршка од Салон 19:19 и Град Скопје.
Претставата ја отвора темата на трговијата со луѓе низ призма на современата Марија Магдалена – лик што патува меѓу вина и простување, збор и тишина. Публиката ќе биде дел од емотивно и музички интензивно патување, во кое се преплетуваат вистински приказни, исповеди и прашања што ретко се изговараат гласно.
Настанот е наменет за публика 16+, а повеќе информации се достапни на zlatenzab.mk/event/19001-2.
Comments