Принс против „Принс„
top of page

Принс против „Принс„



Енди Ворхол фондацијата ја носи пресудата на Врховен суд, кој би ја „реарфимирал важноста на слободна уметничка експресија„ која суд од понизок ранг имено ја одземал.

Енди Ворхол фондацијата за визуелна уметност го цитира „fair use" правилото откако фотографка Lynn Goldsmith која е автор на фотографијата врз која е изградена Ворхоловата серија портрети на Принс од 80тите, тврди дека оваа употреба не спаѓа во фер употреба. Критериумот за фер употреба е да биде доволно трансформирана, да има различна порака и намера од оригиналната, или да биде придружена со коментар, или критика. Имено, Принс портретите на Енди Ворхол не го поминуваат овој т.н. тест од четири шилци. Во спорот дури бил цитиран и Гугл во судскиот спор со Оракл, кога ископирал 11 000 реда код - но, според Голдсмит, кодот не е уметничка експресија. Судот 2nd Circuit Court of Appeals пресудил во полза на Голдсмит, ценејќи дека делото на Ворхол, премногу сличело на оригиналната фотка.


Лин ја направила фотографијата во 1981, кога била на работна задача за Newsweek.

Зошто е овој спор значаен и далекусежен? Ставена е во легална неизвесност целата современа уметност и култура. Огромното мнозинство на интернет коментаторите, влогерите, блогерите, накратко „контент креаторите„ се потпираат на фер употреба исклучокот. Само пред некој ден Јутјуб каналот Ејб анд прич откако добија 20тина копирајт оспорувања, затоа што коментираат радио шоу, тие од своја страна дадоа свое оспорување на Јутјуб, и стандардниот исход на платформата е укинување на каналот, на оние кои не го почитуваат фер употреба правото на уметничка експресија и слобода на говорот. Тука се музеи кои користат референци, семплови, па и уметници од типот на Дишан и воопшто цитирање на култура во било која форма за било која намена. Адвокатите на Ворхол фондацијата за визуелни уметности велат „пресудата носи облак на неизвесност врз цел жанр на визуелната уменост, вклучувајќи канонски дела од Енди Ворхол, и неброени други ументици. Таа ќе има драстични и штетни последици за слободното изразување, и го замрзнува уметничкиот говор.„



bottom of page