top of page

Промоцијата на поетска збирка на Љубица Шопова „Надвор од единиците мерки“

На 2 април (среда) во 19:00 часот, во КСП Центар-Јадро, ќе се одржи промоцијата на втората поетска збирка на Љубица Шопова, насловена „Надвор од единиците мерки“, во издание на „Илика“. На настанот, со авторката ќе разговара Катерина Шекутковска, а стихови ќе чита Ивана Јовановска.

ree

„Надвор од единиците мерки“ е контемплативна и нежна поетска збирка во која Шопова ги истражува границите помеѓу материјалното и духовното низ поезијата, потсетувајќи нѐ на нештата што не можат да се дофатат со голо око, што не можат да се квантифицираат и да се измерат.


Љубица Шопова е родена во Скопје во 1985 година. Дипломирала и магистрирала на Економскиот факултет во родниот град. Пишува поезија и статии од областа на бихевиоралната економија. Во 2020 година ја објави својата прва збирка поезија „Форми во создавање“ во издание на „ПНВ Публикации“. Оваа збирка беше оценета како концептуално доследно осмислено и поетички зрело остварување. Рецензентката Ана Голејшка Џикова истакна дека песните во оваа збирка функционираат на ниво со современото употребување на социјални медиуми и алатки што го поврзуваат човекот со иднината, создавајќи нови форми на креација.

,,Издавањето на оваа книга не е само пишувањето на песните, туку резулат на тимската работа на луѓето кои имаат храброст да ги поместуваат мерките: Katerina Shekutkovska мајсторски ги уреди и стави во контекст, Александра Спасеска, ги продлабочи во одлична рецензија, Љупка Евроска - лектура, Марија Смилевска и Ема Велковска ги отсликаа однадвор и одвнатре.

Благодарам од на целиот тим на Илика за сѐ!” - рече поетесата на Фејсбук.

Шопова учествувала на повеќе поетски читања и фестивали. Нејзината поезија е застапена во домашната периодика и е преведена на српски јазик.



Стани Дивотно

 
 
 

Comments


Diva Misla е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

Untitled - 2025-07-29T202806_edited.png
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page