Само социопатите намерно повредуваат животни: Професионален поглед
top of page

Само социопатите намерно повредуваат животни: Професионален поглед



Овде, во ПЕТА, секојдневно гледаме ужасни случаи на злоупотреба на животни.

Нашиот Оддел за истраги на суровост прима повици 24/7, помагајќи им на животните и осигурувајќи се дека оние што ги злоставуваат ќе одговараат пред законот. Ако сте како нас, веројатно сте поминале доста време со прстот на чело, прашувајќи се каков човек би направил толку ужасни работи. Затоа ја замоливме Даун Дракер, поддржувач на ПЕТА и психотерапевт, да ја сподели својата професионална перспектива за оваa тема.

„Јас сум психотерапевт кој има работено со секакви луѓе, вклучително и поединци од сите возрасни групи, како и лица со растројства на личноста. Открив (и други психотерапевти со кои сум разговарала и за чии наоди сум читала, се согласуваат со мене) дека постои корелација помеѓу поединците кои повредуваат или убиваат животни и социопатското однесување.


Дијагностичкиот и статистички прирачник за ментални нарушувања (ДСМ) е објавен од Американската психијатриска асоцијација и се користи како алатка од страна на работниците од менталното здравје за дијагностицирање на психолошките проблеми на клиентите, врз основа на нивните симптоми и однесување. Дијагностицирањето на клиентите е неопходно за развој на нивните цели во третманот. За жал, постојат ограничени дијагностички алатки за да се потврди врската помеѓу суровоста кон животните и социопатското однесување, но социопатското однесување и социопатскиот тип на личност се навистина распространети во нашето општество.


На пример, сериските убијци како што се Тед Банди, Џефри Дамер и Ричард Рамирез - како и безброј други сериски убијци, убијци и силувачи - сите злоупотребувале животни како деца, а тоа однесување ескалирало во повредување на луѓето.


Социопатската личност најпрво се развива во раното детство или адолесценција и се класифицира под дијагнозата „нарушување на однесувањето“, кое потоа се развива во „антисоцијално растројство на личноста“ (и двете се наведени во ДСМ). Еден од раните знаци на нарушување на однесувањето е често суровоста кон животните.

Поединецот кој е способен да се занимава со суровост кон животните се чини дека нема совест, а со тоа и нема каење за своето однесување. Чинот на суровост кон животните произлегува од очигледната потреба за моќ и контрола, а оваа потреба е придружена со недостаток на емпатија. Животните се таргетирани, особено оние беспомошните кои не се опасни, бидејќи сторителот не препознава или се грижи дека тие имаат чувства и можат да доживеат не само физичка болка, туку и емоционална болка.


Животните можат да чувствуваат болка и да страдаат, исто како и луѓето, но бидејќи социопатите имаат општа неспособност да сочувствуваат, тие се способни да нанесат болка и агонија на чувствителните суштества без чувство на каење - оттука и зголемената веројатност дека суровоста кон луѓето е следниот чекор.


Често сум работела со клиенти чиј став бил „Тоа беше само животно, па на кого му е гајле? Тие опишуваат чувство на возбуда по злоупотребата и убиството на животно. Овој налет на возбуда, може да се појави и кај луѓе кои нанесуваат суровост врз други луѓе, па ако некое лице е способно да злоупотребува, мачи и убие животно, тој или таа може да одлучи да оди уште подалеку и да нанесе штета на друго човечко суштество за да ја постигне истата сензација.


Врската помеѓу насилството врз животните и насилството врз луѓето е добро утврдена.


Dawn Drucker, MS, LMFT, LCDC, има магистерска диплома по клиничка психологија на Универзитетот во Источен Мичиген и е терапевт за брак и семејство лиценциран LMFT и советник за хемиска зависност лиценциран со LCDC во Тексас.

***

извор: PETA Prime


bottom of page