Саундтракот на „3 минути и 53 секунди“
top of page

Саундтракот на „3 минути и 53 секунди“

Бранко Прља - кој го користи својот авторски псевдоним Берт Стајн - неодамна промовираше графичка новела, „3 минути и 53 секунди“ , која е базирана на истоимениот роман...

...и со тоа го зацементира својот статус од ВИ ентузијаст, во македонски ВИ пионер, посебно во уметноста. Заедно со аудиокнигата која може да се најде на Самоглас, ...

Со тоа го комплетираше кругот на вештината на се́ повеќе присутното immersive storytelling, имерзивно, потопувачко раскажување на приказни....


Приказната која тој ни́ ја нуди, е приказна со која беше шокантно лесна за поистоветување...

Тоа посебно се однесува на една супкултура на Скопје (иако започнува и се одвива во Сараево), но и на генерацијата која растеше во 90-те и се развиваше во 00-те..

Имаме доста хроничари на Скопје, и сите - сосема нормално - го рефлектираат од својата посебна перспектива, но културата која се наоѓа воглавно во оралната, разговорна димензија ретко кога ја среќаваме поместена на овој начин, со голема доза на носталгија - а како поинаку?


Но, навистина немавме намера да направиме рецензија на книгата(бидејќи бара одредена посветеност) овде сме да го понудиме саундтракот... на една младост :)








bottom of page