top of page

„Се́ се тоа вештерки “ зборуваат со Шејла Камериќ

Веројатно не сме осамени во искуството на читање на Sve su to vještice страната на Фејсбук која споделува - креира, исклучително мемиња но глазирани со босанскиот хумор, овој пат јадејќи го патријахатот. Позади страната, концептот стои Хана Чурак, Сарајлика во Берлин и феминистка.



„ Sve su to vještice се фокусира на малите места на секојдневието, примарно во јазикот по чиј пат патријахатот се репродуцира и перпетуира. Земаат идиоми, изреки или секојдневен говор и шеговито го комбинираат со историски личности - филозофи, писталеи итн. Еден од најпрепознатливите лица на Се́ се тоа вештерки со тек на времето стана Симон де Бовоар“ - напишаа Vox Feminae.

Од првичното запознавање до сега „Вештерки...“ еволуираа од Фејсбук меме-страница во прогресивна мултимедијална, колективна платформа, историја и потфат низ и надвор од пост-Југославија.

Користејќи мемиња за да допре до публиката инаку незаинтересирана за феминистичкото наследство, Sve su to vještice градат контра-архива на југословенската феминистичка историја, со цел радикално да интервенира во можните феминистички иднини. Sve su to vještice започна во 2016 година во формат на мем-страница на Фејсбук, како механизам за отпор поставен против идентификуваната растечка закана од десничарскиот популизам и токсичната патријархална култура што се шири преку онлајн каналите. Враќајќи ги дигиталните алатки и дигиталниот простор, Вјештице понуди контранаратив, со цел да допре до публиката надвор од оние кои размислуваат слично.

„Вештерки...“ е независна платформа која се состои од проектни соработки со уметници и куратори, истражувачки соработки со академици и независна медиумска продукција која опфаќа социјални медиуми, поткаст, билтен и повремено печатење на материјали“ .


Погледајте ја Шејла Камериќ во разговор со „Се́ се тоа вештерки“: Шејла гостува вечер на осмото издание на КРИК - фестивал за критичка култура, организиран од Контрапункт,каде ќе ја промовира книгата „Мајката е кучка“ . Повеќе за настанот овде, а сега - поткаст:





bottom of page