Сите сме под исто небо - Литера пристигнува во Сули ан
- Ана Чушкова / Ana Cuskova
- Apr 22
- 1 min read

Од 23 до 25 април, Сули ан повторно ќе се претвори во катче за приказни, бои и детска имагинација. Литера меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца, го одржува своето седмо издание, и оваа година нè повикува да славиме со мотото ,,Под исто небо – слоган што совршено ја доловува суштината на фестивалот: поврзување преку приказни, без граници.

Во овие три дена нè очекуваат интерактивни работилници, дружби со авторите и илустраторите, и посебни настани што ќе нè потсетат зошто креативноста и фантазијата се најсилните алатки што ги имаме.
Фестивалот свечено се отвора во среда, на 23 април, во 19:30 часот. Атмосферата ќе ја направат уште побогата три авторки чија работа ја поврзува уметноста со раскажување:
🎨 Иванка Ниба: Магионичарка за дизајн, која со години го разубавува визуелниот свет, а сега посебно се посветила на детската илустрација, меѓу другото и преку соработката со издавачката куќа Светулка.
🎨 Анастасија Јованова: Талентирана графичарка што си игра со модерни форми и бои, и преку илустрацијата раскажува свои уникатни приказни. Нејзиното творештво во применетата уметност и илустрацијата е вистинско освежување.
🎨 Софија Семенпеева: Креативна сила која магично ги спојува уметноста, комуникацијата и бизнисот, со еден куп успеси и меѓународни награди. Нејзините илустрации пленуваат уште од студентските денови, а најважно од сè – таа е иницијаторка и една од главните архитекти на целиот овој Литера свет!
Не се двоумете ни малку! Ова е шанса да се инспирирате, да се дружите, да уживате во убавината на уметноста и секако... сè тоа зачинето со добра музика!
Значи, уште еднаш:
📅 23 април (среда)
⏰ 19:30 часот
📍 Сули Ан
Comentarios