Скопјанка 23 во 12 12 во 00:00
top of page

Скопјанка 23 во 12 12 во 00:00


Скопје, 16 јуни 2023 - Во клубот 12 12 во Скопје, во петоk ПМГ Рекордингс и ПМГ Танц Дигитал ја најавуваат промоцијатга на новата верзија на клубскиот хит "СКОПЈАНКА.

Овој хит, првпат излезен во 2003 година, стана суперпопуларна и доби статус сличен на „липите во јуни“ или „на коцка“ за генерации Скопјанки и Скопјани кои следеа.

Оваа година имаме нова верзија на песната, за подобрена - е отворено за дискусија (митот се содржи во сите негови верзии па така и со уметноста) . Тие самите велат: „СКОПЈАНКА на ПМГ Колектив е еден од најголемите македонски (клубски) хитови на 21виот век. Оригинално излезена во 2003, ги освои срцата на генерации Скопјанки и се разбира Скопјани. Оваа, 2023, за ПМГ Рекордингс и ПМГ Танц Дигитал, излезе нова, уште подобра верзија на песната..“


Друга тема за дискусија е : како се смени ликот на Скопјанката во овие 2 децении?


Настап во живо ќе има Мирко Попов Квартет, кој ќе ја отпее и оваа верзија на "СКОПЈАНКА". Познатата диџејка Виолета Качакова ќе придонесе со својот диџеј сет.

Настанот ќе започне во полноќ и ќе се одржи во клубот 12 12, и можете да го најдете и овде.




bottom of page