Слушачка промоција на „Јоруклук“ – авторскиот албум на Елена Баклава
- Ана Чушкова / Ana Cuskova
- Jul 1
- 1 min read
На 1 јули во Бифе Тафталиџе

Во понеделник, 1 јули, со почеток во 20:30 часот, во Бифе Тафталиџе ќе се одржи премиерната промоција на албумот Јоруклук – првото целосно авторско остварување на Елена Христова, позната како фронтменка на групата Баклава.
Албумот, објавен под името Елена Баклава, е резултат на повеќегодишно истражување и лично ангажирана посветеност. Инспириран е од јуручката култура во Македонија, тема која Христова ја проучува и антрополошки, и музички.
Настанот ќе понуди ексклузивно преслушување на албумот, а ќе бидат презентирани и CD и винил изданијата, заедно со видео премиера на песната што го отвора албумот.
Според најавата, албумот Јоруклук е интимна приказна за идентитетот, сеќавањето и гласот што минува низ времињата – и сè уште пее.
Христова за првпат ќе ја раскаже приказната за создавањето на албумот – од теренското истражување, преку композицијата, до неговата продукција.
🎧 Настанот е отворен за сите. Влезот е слободен.
📍 1 јули | 20:30 | Бифе Тафталиџе, Скопје
Comments