top of page

Фотографијата на Наташа Гелева ја потврдува како вешт ловец на моменти

Корпорациска хипокризија; контрадикторност и противречење на компаниите нa својот јавен имиџ со своите внатрешни практики. На пример, компанија која се претставува како еколошки одговорна, но во исто време загадува околината со своите производи или процеси. Тие последици се „излеваат“ на потрошувачите, вработените и воопшто на општеството. Потрошувачите може да се чувствуваат измамени или разочарани од компанијата, вработените може да се чувствуваат демотивирани или несреќни на работното место, а општеството може да страда од загуба на доверба или социјална неодговорност.


жена со руса коса потпрена на ограда покрај река
Наташа Гелева; Фотографија на Јане Алтипармаков

Лени вон Гелева (Наташа Гелева) е веќе легендарна македонска фотографка која оваа хипокризија не само што ја улови и разголи со едно „чкрап“, туку и покажа како понекогаш е проектирана толку очигледно што е комично. Но, не е.


Гелева вели на нејзиниот Фејсбук „ПрoКредит Банка баш е „пример за одговорност“.

Многу поголема реклама ќе им беше да донираат за реновирање на фасадата што се распаѓа отколку невкусниот билборд од таа големина.“


Во центарот на Скопје на булевар Кочо Рацин распослан е огромен билборд на зградата, чија фасада е толку ороната што, се чини дека само билбордот ја држи да не се лизне и падне на тротоарот… Остатокот од приказната видете го сами…


Фотографијата на Наташа Гелева ја „разголи“ хипокризијата

Повеќе од уметноста на Наташа Гелева можете да ги најдете на нејзиниот веб-сајт.

bottom of page