top of page

Јасна Котеска: вињета за менталното здравје!

Updated: Mar 23, 2022



Професорката и писателка Јасна Котеска, сака да сподели нешто лично. Ние сме среќни што работи на своето здравје, и со тоа што може ова да нѝ го каже, јасно е дека таа работа веќе се исплати за нејзе… чекаме лични приказни од нејзиниот живот, кои споделуваат нешто како среќа.


“А сега сакам да споделам нешто лично. Чувајте го менталното здравје, по цена на се'.


Пред 4 години, во 2017, мојот тогашен сопруг не’ остави мене и нашиот малолетен син кој имаше 13 години без вода 8 месеци. Водоводната цевка во кујна едноставно се заглави. Тогашниот сопруг и јас бевме заедно од 1995. Не знам што беше причината, но одеднаш после 25 г. заеднички живот рече дека не е негов проблем и едноставно замина во странство. Една недела подоцна од странство ми напиша и-мејл порака дека го напушта нашето семејство од 25 години: мене и нашиот малолетен син. Никогаш потоа не ја објасни својата постапка, ниту објасни зошто не’ напуштил со обична е-порака. До денес не ја објасни својата постапка. Таа недела кога не’ напушти, отидов на итна операција заради потенцијален рак, докторите ми рекоа операцијата е итна, првиот ден беше прегледот, а следниот ден операцијата. Отидов сама на операција, со такси, ме оперираа со целосна анестезија, ме разбудија, останав 4 часа заради болничкиот протокол, кога ме отпуштија од болница, со такси се вратив сама дома. Пред вратата на болницата, додека чекав такси, пишав вибер порака на тогашниот сопруг во странство бидејќи не ми крена телефон. Напишав дека операцијата заврши и дека ме отпуштиле. На мојата порака одговори без ниеден збор, само на вибер ми пушти линк до сајтот: cancerresearch.uk Денес немам вибер, го избришав. Истата недела, мајка ми за која финансиски и физички се грижев над 20 год, ми рече дека штом ме напуштил сопругот, тоа сум го заслужила и додаде дека јас и мојот малолетен син мора да се отселиме од станот во кој живеевме, тоа беше станот на баба ми. Син ми и јас останавме без сите најблиски во една единствена недела. До денес без објаснување. Во тој период во зградата живееше комшија (се’ уште живее) кој ги злоставува сите станари, а мене ми рече дека ќе ме силува прва прилика кога ќе може. Мојот тогашниот сопруг, истиот кој не’ остави со и-мејл после 25 г. заеднички живот, рече дека соседот не е негов проблем...


ree

4 години и 10-тици психијатри и психолози подоцна, сфатив дека не сум виновна за поведението на најблиските. Јас и син ми се’ уште се обидуваме да ги најдеме најдобрите репенија за да бидеме функционални. Не бидете наивни, не ги игнорирајте симптомите, но не им верувајте ниту на тие што наводно ви мислат добро. Со години мојот тогашен сопруг се радуваше на сите мои успеси кога можеше да ги презентира пред своите претпоставени, и кога можеше да ги презентира како свои успеси. Првата прилика кога имав потреба од помош, не’ напушти со е-порака. 4 години подоцна едвај добив развод, лани во декември. Морав да му се заканам за да ми даде развод, не се појави во судот, се појавивме јас, мојата адвокатка и неговиот адвокат. Се’ помина пријателски, сакавме дури да одиме на кафе, но јас немав сили, а адвокатите немаа време. Судијката ми рече, ве гледам тажна, но не се грижете, вие сега сте добро, а животот продолжува и ќе ви донесе убави работи. И’ благодарам на судијката, на адвокатите и на докторите. Не се сите луѓе секогаш добронаклони, дури ни најблиските. Чувате го менталното здравје.”


Indeed.






Стани Дивотно

Comments


Diva Misla е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

Untitled - 2025-07-29T202806_edited.png
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page